Куп на македонска фотографија

На 4.12.2021 во Безистенот во Штип се одржа изложба во организација на Националната фото унија на која беа изложени наградените и примени фотографии. Изложбата ја отвори претседателот на НФУ, Стефан Илиевски, а гостите ги поздравија и проф. д-р Зоран Здравев, како член на Извршниот одбор на НФУ и претседател на ФК Широк Агол од Штип, како и Маја Крстевска Коларова, претседател на ФКК “Ванчо Прке” од Штип. На настанот беа доделени наградите, а имаше гости од земјава и странство.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com