Јубилеј од 10 години постоење на ФКК Битола

Фото кино клуб Битола прославува 10 години постоење. Кажете ни како започна приказната на ФКК Битола?
На 1 Март 2022 ФКК Битола прослави десет години од своето официјално постоење. Пред тоа имаше период од година или две, кога група на фото-ентузијасти и вљубеници во фотографијата спонтано се собраа и низ неформални фото дружби и разговори дојдоа до идејата дека треба да се формира клуб кој ќе биди посветен на развојот на уметничката фотографија и аматерскиот филм во Битола.

Ретроспективно, дали мислите дали ФКК Битола ги исполни своите цели во годините од формирањето до денес?
Клубот наполни десет години од своето формирање и може слободно да се каже дека од своите почетоци па до денес ја остварил целта заради која беше формиран, нормално притоа учејќи во процесот и најискрено допринесе на полето на уметничката фотографија и аматерскиот филм во нашиот град.

Кои се позначајните активности на ФКК Битола што вредат да се споменат?
Покрај многуте предавања и работилници, како и многуте заеднички изложби кои клубот ги организирал во Битола и надвор од неа, клубот посебно е горд на разните генерации кои продефилираа низ него, од кои некои буквално израснаа заедно со него низ редовните состаноци и заедничките дружби.

Колку членови брои вашиот клуб?
Денес клубот брои околу дваесетина членови, за жал заради моменталната ситуација со КОВИД-19 активностите се сведени на минимум. Тоа е и причината зошто овој јубилеј не е одбележан како што доликува, но се обврзуваме дека во најскоро време клубот ќе организира изложба по повод 10 години од своето постоење, и дека нашите поддржувачи како и сите љубители на фотографијата ќе можат да ја посетат и да уживаат во уметничкиот израз на нашите членови, како и сите години претходно.


Раководството на Националната Фото Унија го честита јубилејот од 10 години постоењто на еден од најактивните клубови во историјата на македонската фотографија, а воедно и основач на НФУ.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com