Жените и фотографијата 2022

Во чест на меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, Фото клуб Куманово во соработка со Национална фото унија и Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ја организира националната изложба на уметнички фотографии Жените и фотографијата. Фото клуб Куманово на творечки начин говори за ангажираното присуство на жената во светот на фотографијата и тоа го претвора во традиција! Ова е деветто издание на изложбата во која се прикажани 50 фотографии од женската фотографска фела во Република Македонија. 
Изложбата ќе биде отворена на 10 март 2022 година (четврток) во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com