Отворање на изложбата Куп на македонска фотографија 2022

Почитувани,

На 22 октомври 2022 година (сабота) во Офицерски дом – Битола во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата Куп на македонска фотографија во организација на Национална Фото Унија.

На изложбата свои фотографии доставија над 150 фотографи со околу 1000 фотографии, од кои еминентна жири комисија во состав Димитар Ристески (НФУ КМФ), Димитар Чунговски (НФУ КМФ) и Марина Атанасовиќ (НФУ КМФ) ги одбра најдобрите од нив. На отворањето ќе бидат доделени златен, сребрен, бронзен медал и шест дипломи за поединечни фотографии во сите категории.

Ве очекуваме

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com