1001 Приказна

Скопскиот фестивал „Мајски оперски вечери“ ќе биде домаќин на специјална изложба на фотографии на познатиот македонски фотограф Александар Томовски. Изложбата насловена „1001 приказна“ ќе содржи 50 впечатливи фотографии на Томовски, нудејќи им на посетителите уникатно и извонредно визуелно искуство.

Проектот „1001 приказна“ претставува серија неврзани фото-приказни кои ја доловуваат оперската и балетската, како и музичката дејност која се создава во рамките на Националната опера и балет, преку излагање на 50-тина уметнички фотографии кои се само мал дел од она што авторот ги создава во периодот од 2019-2023 година. Освен тоа што ќе ја прикажат уникатната гледна точка на авторот, имаат за цел да ја поткренат свеста на луѓето за тежината, убавината и предизвиците кои ги носат секоја претстава и секој уметник поединечно, да инспирира и поттикне нови млади пејачи, балерини, музичари да се огледаат на идолите, а останатите да ѕирнат што тоа се случува зад кулисите и колку труд и посветеност е потребен да се дојде до едно врвно дело кое за публиката значи час-два но за сценските уметници – живот.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com