Јавен повик од Македонскиот национален совет – Швајцарија

Македонскиот национален совет – Швајцарија, во соработка со Теута Агаи – Демјаха, амбасадор и шеф на Постојаната мисија при ООН во Женева, организира настан (гала прием) во зградата на ООН во Женева, на кој ќе биде претставена Македонија, со нејзината култура, историја, традиција, храна, знаменитости и природни убавини. Настанот ќе се одржи во септември во Женева со присуство на дипломати и амбасадори од целиот свет.

Во склоп на настанот, од страна на Гонца Перунковска (член на раководството на МНС), ќе биде организирана виртуелна колективна изложба на фотографии од Македонија, на која ќе бидат претставени македонските убавини. Во предвид доаѓаат исклучиво квалитетни фотографии, сработени од фотографи со богато портфолио (нашите природни убавини, пејсажи, архитектура, традиции како Галичка свадба, Вевчански карневал и сл…). За печатење на биографиите и рецензии ќе се погрижи организаторот. Видеото од комплетната видео-промоција ќе биде доставено до авторите – учесници. Портфолио од најмалку 10 фотографии треба да се достави на e-mail: goncaperunkovska@sunrise.ch. Фотографиите мора да бидат во висока резолуција, претставени со назив, име и презиме. Фотографиите добиени со користење на мобилен телефон нема да бидат земени во предвид.

Сите учесници ќе добијат благодарница од МНС и Сертификат за учество во виртуелна изложба во палатата на ООН, Женева.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com