Мисија

Национална фото унија е самостојна, транспарентна, невладина, непартиска и непрофитабилна организација настаната со цел да ги остварува и усогласува интересите на членовите при реализирање на програмски задачи за поттикнување, популаризирање, промовирање, и афирмирање на фотографијата, фотографското творештво, фотографската уметност и култура во Република Северна Македонија. Национална фото унија и неговите органи работат врз остварување и реализирање на следните цели и задачи:
– Основна цел на НФУ е преку неа членовите да ги усогласуваат своите интереси во остварување и реализирање на своите програмските цели и задачи.
– Основна задача на НФУ да ги интегрира во Унијата сите организации и поединци кои ја третираат фотографијата како уметност. Да ги поттикнува, помага, и стимулира своите членови во развивањето и унапредувањето на сите видови на фотографско творештво.
– Да врши популаризација на фотографијата со стручна и естетска едукација, преку семинари, фото школи и курсеви, фото кампови и други облици на едукација.
– Да ја промовира фотографската уметност преку организирање фото изложби, фото фестивали, ревии и други облици на јавна презентација на фотографското творештво во земјата и странство.
– Да ја афирмира и вреднува работата на своето членство, а за постигнатите резултати и успеси да доделува звања, награди и признанија.
– Членувањето во НФУ е доброволно. Член/ка на Унијата може да биде секое правно и физичко лице, кое ги прифаќа Статутот и статутарните права и обврски на НФУ.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com