Повик за поддршка на македонските фотографи

Почитувани,

Национална фото унија е посветена на негување и славење на различните таленти во македонската фотографска заедница. Нашата мисија е да обезбедиме поддршка, охрабрување и можности за фотографите на сите нивоа во Македонија преку:

  • Поддршка во организирање на соло фотографски изложби: Бидејќи го разбираме значењето на прикажувањето на вашиот авторски труд пред пошироката публика, Национална фото унија е тука да ви помогне при организирање и подготовка на самостојни изложби.
  • Менторски програми: Без разлика дали сте искусен фотограф или штотуку го започнувате своето патување, нашите програми за менторство нудат насоки, совети и простор за учење и развој. Поврзете се со искусни ментори кои се желни да ви помогнат да го достигнете вашиот целосен потенцијал.
  • Врски со галерии и културни центри: Градењето врски е клучно во светот на фотографијата. Национална фото унија може да биде посредник во вашиот контакт со галериите и културните центри во државата.

Доколку имате какви било прашања или сакате да добиете повеќе информации за можностите за соработка слободно може да не контактирате на нашиот официјален емиал: photo.union.macedonia@gmail.com.

Со почит,
Стефан Илиевски