Правилник за звања на Национална Фото Унија

Член 1
Национална Фото Унија на Северна Македонија (во понатамошниот текст НФУ) има свој систем на вредности преточен во Правилници за вреднување на постигнатите резултати, успеси, промовирање и афирмирање на фотографското творештво. НФУ според овој Правилник доделува звања и признанија.

Член 2
На своите членови кои учествуваат на конкурси за изложби и имаат одржанот самостојни изложби, на барање на членовите, НФУ може да ги додели следниве звања:
– Кандидат Фотограф на НФУ, скратено КФ НФУ;
– Фотограф на НФУ, скратено Ф НФУ;
– Напреден Фотограф на НФУ, скратено НФ НФУ;
– Кандидат Мајстор на Фотографија на НФУ, скратено КМФ НФУ;
– Мајстор на Фотографија на НФУ, скратено МФ НФУ;
– Велемајстор на Фотографија на НФУ, скартено ВМФ НФУ;
– Доајен на НФУ, скратено ДМ НФУ.
Право на овие звања имаат авторите кои се членови на НФУ. Барателите за овие звања треба да се членови на НФУ со регулирана годишна членарина, како за тековна година, така и за сите години за кои аплицира за звање, почнувајќи од 2022 кога е донесен овој член.
Звањата Кандидат фотограф, Фотограф и Напреден фотограф се доделуваат со одлука на Извршниот одбор на НФУ.
Звањата Мајстор, Велемајстор и Доајен се доделуваат со одлука на Собранието на НФУ.

Член 3
Други звања кои може на ги додели НФУ се заслужните и почесните звања. Овие звања се доделуваат со одлука на седница Собранието на НФУ.
Заслужни и почесни звања се:
– Заслужен член на НФУ – ЗЧ НФУ;
– Почесен член на НФУ – ПЧ НФУ.
Звањето Заслужен член на НФУ може да се додели на сегашни и поранешни членови на НФУ.
Почесен член на НФУ може да се додели на фотографи кои не се членови на НФУ.

УСЛОВИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗВАЊА

Член 4
Звањето Кандидат Фотограф на НФУ се доделува ако авторот кој со својата творечка работа има постигнато успех на меѓународни, државни и домашни изложби и ги исполнил следните услови:
– На меѓународни изложби под покровителство на ФИАП, ПСА или друга релевантна меѓународна организација, има примено минимум 6 фотографии, од кои минимум 3 се различни фотографии – наслови;
– Доколку авторот има примено фотографии на државни изложби во организација на НФУ, бројот на примени фотографии се множи со фактор 0,75. (Пример: примени 4 фотографии помножено со 0,75 е еднакво на 3 фотографии);
– Доколку авторот има примено фотографии на домашни изложби, клупски изложби или самостојни изложби со покровителство на НФУ, бројот на примени фотографии се множи со фактор 0,5. (Пример: примени 4 фотографии помножено со 0,5 е еднакво на 2 фотографии);
На авторите кои се стекнале со звањето им се врачува диплома за звање.

Член 5
Звањето Фотограф на НФУ се доделува ако авторот кој со својата творечка работа има постигнато успех на меѓународни, државни и домашни изложби и ги исполнил следните услови:
– На меѓународни изложби под покровителство на ФИАП, ПСА или друга релевантна меѓународна организација, има примено минимум 25 фотографии, од кои минимум 10 се различни фотографии – наслови;
– Доколку авторот има примено фотографии на државни изложби во организација на НФУ, бројот на примени фотографии се множи со фактор 0,75. (Пример: примени 4 фотографии помножено со 0,75 е еднакво на 3 фотографии);
– Доколку авторот има примено фотографии на домашни изложби, клупски изложби или самостојни изложби со покровителство на НФУ, бројот на примени фотографии се множи со фактор 0,5. (Пример: примени 4 фотографии помножено со 0,5 е еднакво на 2 фотографии);
На авторите кои се стекнале со звањето им се врачува диплома за звање.

Член 6
Звањето Напреден Фотограф на НФУ се доделува ако авторот кој со својата творечка работа има постигнато успех на меѓународни, државни и домашни изложби и ги исполнил следните услови:
– На меѓународни изложби под покровителство на ФИАП, ПСА или друга релевантна меѓународна организација, има примено минимум 50 фотографии, од кои минимум 20 се различни фотографии – наслови;
– Доколку авторот има примено фотографии на државни изложби во организација на НФУ, бројот на примени фотографии се множи со фактор 0,75. (Пример: примени 4 фотографии помножено со 0,75 е еднакво на 3 фотографии);
– Доколку авторот има примено фотографии на домашни изложби, клупски изложби или самостојни изложби со покровителство на НФУ, бројот на примени фотографии се множи со фактор 0,5. (Пример: примени 4 фотографии помножено со 0,5 е еднакво на 2 фотографии);
На авторите кои се стекнале со звањето им се врачува диплома за звање.

Член 7
Звањето Кандидат Мајстор на Фотографија на НФУ се доделува на член на НФУ кој со својата творечка работа има постигнато успех на меѓународни, државни и домашни изложби и ги исполнил следните услови:
– Има примено најмалку 100 фотографии на меѓународни изложби под покровителство на ФИАП, ПСА или друга релевантна меѓународна организација, од кои минимум 35 се различни фотографии – наслови;
– Освоил најмалку 5 награди на меѓународни или државни изложби;
– Доставил до НФУ колекција од 10 фотографии, во дигитална форма;
– Има добиено мислење од УС дека заслужува да му се додели уметничко звање Кандидат Мајстор на Фотографија на НФУ.
На авторите кои се стекнале со звањето им се врачува плакета за звање.

Член 8
Звањето Мајстор на Фотографија на НФУ се доделува на член на НФУ кој со својата творечка работа има постигнато успех на меѓународни, државни и домашни изложби, има одржано самосотојна изложба и ги исполнува следните услови:
– Да има звање Кандидат Мајстор на фотографија на НФУ;
– Има примено најмалку 200 фотографии на меѓународни изложби под покровителство на ФИАП, ПСА или друга релевантна меѓународна организација, од кои минимум 70 се различни фотографии – наслови;
– Освоил најмалку 15 награди на меѓународни или државни изложби, од кои најмалку три се златни медали;
– Одржал најмалку една самостојна изложби на Фотографии под покровителство на НФУ.
– Доставил до НФУ колекција од 20 печатени фотографии, различни од претходно доставените во колекција, со минимален формат 30х40 см и максимален формат 40х50 цм. Фотографиите треба да се без паспарту. Истата колекција треба да ја достави и во дигитална форма;
– Има добиено позитивно мислење од Комисијата за оценка на колекцијата и дека авторот во своето фотографско творештво постигнал висок степен на етстетско изразување и заслужува да му се додели високото уметничко звање Мајстор на Фотографија на НФУ.
На авторите кои се стекнале со звањето им се врачува плакета за звање.

Член 9
Звањето Велемајстор на Фотографија на НФУ се доделува на член на НФУ кој со својата творечка работа има постигнато успех на меѓународни, државни и домашни изложби, има одржано самосотојни изложби и ги исполнува следните услови:
– Да има звање Мајстор на фотографија на НФУ;
– Има примено најмалку 400 фотографии на меѓународни изложби под покровителство на ФИАП, ПСА или друга релевантна меѓународна организација, од кои минимум 100 се различни фотографии – наслови;
– Освоил најмалку 30 награди на меѓународни или државни изложби, од кои 7 се златни медали
одржал најмалку три самостојни изложби на Фотографии под покровителство на НФУ;
– Доставил до НФУ колекција од 30 печатени фотографии, различни од претходно доставените во колекција, со минимален формат 30х40 см и максимален формат 40х50 цм. Фотографиите треба да се без паспарту. Истата колекција треба да ја достави и во дигитална форма;
– Има добиено позитивно мислење од Комисијата за оценка на колекцијата и дека авторот во своето фотографско творештво постигнал многу висок степен на етстетско изразување и заслужува да му се додели високото уметничко звање Велемајстор на Фотографија на НФУ.
На авторите кои се стекнале со звањето им се врачува плакета за звање.

Член 10
Звањето Доајен на Фотографија на НФУ се доделува на член на НФУ кој со својата творечка работа има постигнато успех на меѓународни, државни и домашни изложби, има одржано самосотојни изложби и ги исполнува следните услови:
– Да има звање Велемајстор на фотографија на НФУ;
– Има примено најмалку 1000 фотографии на меѓународни изложби под покровителство на ФИАП, ПСА или друга релевантна меѓународна организација, од кои минимум 200 се различни фотографии – наслови;
– Освоил најмалку 50 награди на меѓународни или државни изложби, од кои 15 се златни медали
одржал најмалку пет самостојна изложби на Фотографии под покровителство на НФУ. Изложбите одржани пред 2022 година не мора да се со покровителство на НФУ;
– Доставил до НФУ колекција од 50 печатени фотографии, различни од претходно доставените во колекција, со минимален формат 30х40 см и максимален формат 40х50 цм. Фотографиите треба да се без паспарту. Истата колекција треба да ја достави и во дигитална форма;
– Има добиено позитивно мислење од Комисијата за оценка на колекцијата и дека авторот во своето фотографско творештво постигнал многу висок степен на етстетско изразување и заслужува да му се додели високото уметничко звање Доајен на Фотографија на НФУ.
На авторите кои се стекнале со звањето им се врачува плакета за звање.

ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЗВАЊА

Член 11
Звањата Фотограф на НФУ и Напреден Фотограф на НФУ ги доделува Извршниот одбор на НФУ откако констатира дека се исполнети сите услови согласно овој правилник, по следнава постапка:
– Авторот поднесува барање до Извршниот одбор на НФУ, во електронска форма,
со барањето се доставува и табела која содржи листа на примените фотографии, наслов на фотографиите, назив на изложбата каде се примени, покровителства на изложбите, и година на одржување на изложбата;
– Извршниот одбор го разгледува барањето и приложената табела и утврдува дали се исполнети условите од овој правилник за соодветното звање;
– На седница на Извршниот одбор се носи одлука за доделување на звање на авторот кој поднел барање;
– Авторот се известува за доделеното звање и му се врачува диплома за звањето;
– Извршниот одбор може да донесе одлука и за доделување на други одличја за секое звање.

Член 12
Звањето Кандидат Мајстор на Фотографија на НФУ го доделува Извршниот одбор на НФУ по добиеното мислење од Уметничкиот совет кој констатира дека се исполнети сите услови согласно овој правилник и дека заслужува да му се додели уметничко звање Кандидат Мајстор на Фотографија на НФУ. Доделата се одвива по следнава постапка:
– Авторот поднесува барање до Уметничкиот совет на НФУ, со е-пошта, по пошта или лично во просториите на НФУ;
– Во прилог кон барањето се доставуваат и:
– табела која содржи листа на примените фотографии, наслов на фотографиите, назив на изложбата каде се примени, покровителства на изложбите, и година на одржување на изложбата;
– колекција од 10 фотографии, доставена во дигитален формат, формат на датотеката JPG, минимална резолуција 1920 х 1080 или изведени димензии, снимена со највисок квалитет (10), фотометриски формат RGB, резолуција за печатење од 300 dpi и димензии за печатење минимум 30х40цм.
– Уметничкиот совет го разгледува барањето и приложената табела за примени фотографии, колекцијата на фотографии и утврдува дали се исполнети условите од овој правилник за соодветното звање;
– Уметничкиот совет дава свое мислење за доставеното барање и предлага на Собранието на НФУ да му се додели звањето Кандидат мајстор на фотографија на НФУ;
– Во случај на позитивно мислење, авторот плаќа надоместок за покривање на трошоците за доделување на звањето. Висината на надоместокот го утврдува Извршниот одбор на НФУ;
– На седница на Извршниот одбор на НФУ се носи одлука за доделување на звањето и се прогласува авторот во звањето. При прогласувањето се чита мислењето на Уметничкиот совет. На авторот му се доделува плакета за добиеното звање.
Извршниот одбор може да донесе одлука и за доделување на други одличја за ова звање.

Член 13
Звањата Мајстор на Фотографија на НФУ, Велемајстор на Фотографија на НФУ и Доајен на НФУ ги доделува Собранието на НФУ по добиеното позитивно мислење од Уметничкиот совет кој констатира дека се исполнети сите услови согласно овој правилник и по добиеното мислење од Комисијата за оцена на колекцијата на фотографии. Доделата се одвива по следнава постапка:
– Авторот поднесува барање до Уметничкиот совет на НФУ, по пошта или лично во просториите на НФУ;
– Во прилог кон барањето се доставуваат и:
— табела која содржи листа на примените фотографии, наслов на фотографиите, назив на изложбата каде се примени, покровителства на изложбите, и година на одржување на изложбата;
— доказ за одржани самостојни изожби;
— печатена колекција на фотографии со минимален формат 30х40 см и максимален формат 40х50 цм. Фотографиите да се без паспарту. Истата колекција треба да се достави во дигитален формат, формат на датотеката JPG, снимена со највисок квалитет (10), фотометриски формат RGB, резолуција од 300 dpi и димензии соодвети на приложените принтови. Бројот на фотографии во колекцијата зависи од звањето за кое се поднесува барањето и е дадено во член 8, 9 или 10;
– Уметничкиот совет го разгледува барањето и приложената табела за примени фотографии, доказите за одржани самостојни изложбии и колекцијата на фотографии и утврдува дали се исполнети условите од овој правилник за соодветното звање;
– Уметничкиот совет дава свое мислење за доставеното барање и предлага Комисија од тројца меѓународно признати и реномирани фотографи која ќе даде мислење за колекцијата на фотографии. Во принцип комисијата треба да има најмалку еден член од НФУ, а членовите на комисијата треба да имаат добиено звање кое минимум е еднакво на звањето кое треба да се додели;
– Доколку барањето за додела на звање се однесува на Велемајстор и Доајен, Комисијата за оцена на колекцијата треба да се состои од 5 члена;
– На седница на Извршниот одбор се носи одлука за формирање на предложената Комисија за оценка на колекцијата на фотографии и се утврдуваат трошоците за работа на Комисија;
– Авторот плаќа надоместок за покривање на трошоците за работа на Комисијата. Висината на надоместокот го утврдува Извршниот одбор на НФУ;
– Авторот се известува за добиеното позитивно или негативно мислење за колкцијата на фотографии
– Во случај на позитивно мислење, авторот плаќа надоместок за покривање на трошоците за доделување на звањето. Висината на надоместокот го утврдува Извршниот одбор на НФУ;
– На седница на Собранието на НФУ се носи одлука за доделување на звањето и се прогласува авторот во звањето. При прогласувањето се читаат позитивните мислење на Уметничкиот совет и на Комисијата за оценка на колекцијата на фотографии. На авторот му се доделува плакета за добиеното звање;
– Извршниот одбор може да донесе одлука и за доделување на други одличја за секое звање.

Член 14
За животно дело во областа на фотографското творештво, Собранието на НФУ доделува награда за животно дело.
– Постапката за доделување награда за животно дело се покренува од најмалку 5 членови на НФУ, кои доставуваат иницијатива до Извршниот одбор на НФУ;
– Извршниот одбор на НФУ е констатира иницијативата, ги проверува фактите и доставува предлог за доделување награда за животно дело на Македонската фотографија до Собранието на НФУ и до Уметничкиот совет на НФУ;
– Уметничкиот совет дава мислење за иницијативата;
– Собранието на НФУ по доставениот предлог од Извршен одбор и мислењето од УС, на седница одлучува дали предлогот за доделување награда за животно дело да се прифати или одбие.

Член 15
За особен придонес во развој на фотографското творештво во државата и надвор од неа, за придонес во меѓународната афирмација на НФУ и нејзините членови, за зближување со други Национални и Меѓународни Фото организации, Собранието на НФУ може да прогласи поединци и организации за Почесен член на НФУ.
– Постапката за доделување на звањето Почесен член на НФУ се покренува од најмалку 3 членови на НФУ, кои доставуваат иницијатива до Извршен одбор на НФУ;
– ИО на НФУ е констатира иницијативата, ги проверува фактите и доставува предлог за доделување на звање Почесен член на НФУ до Собранието на НФУ;
– Собранието на НФУ на седница одлучува дали предлогот да се усвои или одбие.

Член 16
За особен придонес во развој на Сојузот и нејзините органи како и долготрајно промовирање и афирмирање на фотографското творештво НФУ доделува звање Заслужен член на НФУ.
– Постапката за доделување на звањето Заслужен член на НФУ се покренува од најмалку 3 членови на НФУ, кои доставуваат иницијатива до Извршен одбор на НФУ;
– Извршен одбор на НФУ е констатира иницијативата, ги проверува фактите и доставува предлог за доделување на звање Заслужен член на НФУ до Собранието на НФУ;
– Собранието на НФУ на седница одлучува дали барањето да се усвои или одбие.

Член 17
Целокупната документација за доделување на определено звање останува во архива и фото колекција на НФУ.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 18
Звања стекнати во поранешни и други Фото сојузи им се признаваат на носителите и по нивно барање им се доделуваат соодветни звања на НФУ под следните услови:
– Да е член на НФУ;
– Да достави доказ дека е носител на одредено звање;
– Уметничкиот Совет на НФУ ја утврдува еквиваленцијата на звањата;
– Да приложи колекција од фотографии соодветна на бараното звање, колекцијата да е во дигитална форма со резолуција од 300 dpi;
– Барањето за признавање треба да се достави најдоцна 6 месеци од зачленувањето во НФУ.

Член 19
Самостојните, државните и домашните изложби кои се наведени од страна на авторите во барањата за звања, а кои се одржани пред донесувањето на овој правилник се признаваат како да имаат покровителство од страна НФУ.

Член 20
Кандидатот кој има намера да поднесе барање за Уметничко звање, има право да поднесе барање до Уметничкиот совет на НФУ за да му се определи Ментор кој ќе му помага со укажувања и совети за колекцијата на фотографии со која кандидатот се подготвува да се кандидира односно со која ќе се претстави пред Уметничкиот Совет за добивање на соодветно звање.

Член 21
Еднаш доделените звања не можат да бидат одземени од никој орган на НФУ, освен во случај ако се утврди дека при стекнувањето со одредено звање е прекршен овој Правилник или Статутот на НФУ.

Член 22
Соодветните ознаки на звањата (дипломи, повелби, значки) ги пропишува органот на НФУ кој ги доделува звањата.

Член 23
Право на толкување на овој правилник има Извршниот Одбор на НФУ.

Член 24
Правилникот стапува на сила и се применува од денот на донесување.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com