Пристап до бесплатни фотографски звања

Национална фото унија нуди пристап до бесплатни фотографски звања:

На своите членови кои учествуваат на конкурси за изложби и имаат одржано самостојни изложби, на барање на членовите, НФУ може да ги додели следниве звања:
– Кандидат Фотограф на НФУ, скратено КФ НФУ;
– Фотограф на НФУ, скратено Ф НФУ;
– Напреден Фотограф на НФУ, скратено НФ НФУ;
– Кандидат Мајстор на Фотографија на НФУ, скратено КМФ НФУ;
– Мајстор на Фотографија на НФУ, скратено МФ НФУ;
– Велемајстор на Фотографија на НФУ, скратено ВМФ НФУ;
– Доајен на НФУ, скратено ДМ НФУ.

Право на овие звања имаат авторите кои се членови на НФУ. Барателите за овие звања треба да се членови на НФУ со регулирана годишна членарина, како за тековна година, така и за сите години за кои аплицираат за звање.

Други звања кои може да ги додели НФУ се заслужните и почесните звања. Овие звања се доделуваат со одлука на седница на Собранието на НФУ. Заслужни и почесни звања се:
– Заслужен член на НФУ – ЗЧ НФУ;
– Почесен член на НФУ – ПЧ НФУ.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com