Со задоволство Ве покануваме на отворањето на изложбата на уметничка фотографија на Марјан Скрижевски, кое ќе се одржи во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Датум: 19 март 2026 (четврток)
Време: 19:00 часот

Марјан Скрижевски е роден на 11 февруари 1974 година во Куманово. Завршил гимназија „Гоце Делчев“, а со фотографија активно се занимава од 2016 година. Неговата љубов кон фотографијата започнува преку фотографирање на своите две ќерки и природните убавини на Македонија. Знаењето го гради самостојно, преку интернет и едукативни содржини, а од октомври 2025 година самостојно ги печати своите фотографии.
На изложбата ќе бидат претставени околу 50 фотографии, инспирирани од македонските цркви, езера, водопади, планини и други природни пејзажи. Делата на авторот претставуваат искрен и личен поглед кон природата, исполнет со емоција, спокој и љубов кон татковината.
Ве покануваме да присуствувате и да ја споделите оваа уметничка вечер.
