Програма

Врз основа на член 26 од Статутот на Национална фото унија, Собранието на НФУ на својата седница одржана на ден 05.04.2021 година донесе:

ПРОГРАМА ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Поаѓајќи од основната цел на Национална фото унија преку неа Организациите-членки да ги усогласуваат своите интереси за остварување на нивните програмски задачи. Извршниот Одбор, Советот за членство, Советот за Изложби и Манифестации, Уметнички совет, Советот за Едукација, Советот за односи со јавноста и Советот за односи со странство ќе работат на остварување и реализирање на Програмата за Работа на НФУ. 

Советот за односи со јавноста ќе изготви и ќе ја уредува интернет страната на НФУ, работата на Унијата да биде транспарентна за членството и пошироката јавност. На интернет страната ќе се постават сите Акти на НФУ. Ќе се отворат посебни рубрики за секој Извршен орган со цел членките директно да комуницираат со Извршен одбор или надлежниот Совет. 

Земајќи го во предвид фактот дека како никогаш до сега фотографијата како медиум не била толку достапна на човекот како што е сега што дава можност на многу луѓе да создаваат и творат во фотографската уметност. Па затоа приоритетна програмска задача на Национална фото унија преку Советот за членство на НФУ да ги интегрира сите организации и поединци во Р. Северна Македонија кои се занимаваат со фотографското творештво, а фотографијата ја третираат како уметност. 

Исто така приоритетна програмска задача преку Советот за односи со странство на НФУ е да ја интегрира во меѓународните организации кои се занимаваат со фотографско творештво и фотографската уметност со што се отвора патот и македонската фотографија да се вброи ва светската фотографија.

Користејќи го знаењето на поискусните организации, НФУ ќе работи на материјално зајакнување на организации – членки на НФУ со што ќе се создадат услови за остварување на програмските задачи на Унијата и на секоја членка поединечно. Фотографското творештво е составен дел на македонската уметност и култура. Локалните самоуправи и Министерството за култура на Р. Северна Македонија финансираат проекти од областа на култура, настани и манифестации, фестивали, изложби и др. Од голема полза ќе дојде искуството како да се оформат проектите, и кога со нив да се конкурира пред локалната самоуправа и Министерството за култура на Р. Северна Македонија. Национална фото унија и нејзините членови со својата активност ќе работат во овој правец, ќе осмислуваат издржани проекти кои ќе го популаризираат и афирмираат фотографското творештво во Р. Северна Македонија.

Преку конкретна активност на Уметничкиот совет перманентно ќе се работи членовите на НФУ навреме да се стекнуваат со соодветни излагачки и уметнички звања со кои ќе им се вреднуваат постигнатите резултати областа на фотографското творештво и нивото на нивното естетското изразување.

Со примена на Правилникот за Изложби и Манифестации како и Правилникот за Звања ќе се гради систем на вредности во кој ќе биде вреднувана работата на Организациите и на секој член поединечно.

Советот за едукација во согласност со материјалните можности на Унијата и нејзините Организации во прво време ќе први напори да организира едукативни разговори и предавања, а со финансиско зајакнување на Унијата и нејзините Организации ќе премине на посложени форми на едукација како што се фото семинари, фото кампови, фото школи и др. 

Национална фото унија секоја година ќе организира своја централна манифестација наречена Фестивал на македонска фотографија која ќе се состои од Свечена седница на Собранието на НФУ, Годишна изложба на македонска фотографија или Куп на македонска фотографија, самостојни изложби на автори добитници на уметнички звања како и други облици на јавна презентација на фотографското творештво. Пожелно е оваа манифестација да се организира на крај од тековната година, која практично ќе биде пресек на постигнатите резултати на Унијата, нејзините организации и нејзините членови.