Член 1
Изложба од ПРВ и МЕЃУНАРОДЕН ранг која добила покровителство од Национална фото унија се вреднува според (9) девет критериуми, со собирање на бројот на поени кои по нив добиваат. Сите критериуми не се со исти вредности, и според тоа, немаат исто број и вредности изразена во поени.
Член 2
КРИТЕРИУМ – ПРОПОЗИЦИИ
Чинот на доделување на покровителство од НФУ, Комисијата за покровителство при Извршниот одбор на НФУ дава согласност на формална исправност на пропозиции и организаторот на изложбата може јавно да ги објави. Вреднувањето според овој критериум се однесува на дополнително почитување на пропозиции:
- Поени -3 (минус 3)
Овој број на поени заслужува изложба која се заклучи дека направила груба повреда на објавените пропозиции од страна на организаторот. - Поени 1
За формално целосни пропозиции, каде организаторот не навел некои малку битни елементи за организирање на изложбата, или тоа го сторил на недоволно јасен начин и после предлогот на Комисија за покровителство или се покажало дека организаторот не ги во потполност испочитувал одредбите за пропозиции. - Поени 3
За целосни и јасни пропозиции.
Член 3
КРИТЕРИУМ – ПАРТИЦИПАЦИЈА
По овој критериум, се предвидува само стимулативно вреднување, а во вид на додатен број на поени за организација на изложба која не бара никаков паричен надоместок од учесниците.
- Поени 3
Добива изложба без предвидени плаќања на партиципација на учесниците.
Член 4
КРИТЕРИУМ – ЖИРИРАЊЕ
- Поени -5 (минус пет)
За жирирање со важни пропусти (неадекватни и несоодветен простор за жирирање, недвосмисленo фаворизирање на автори, лоша организација, несистематично и импровизирана евиденција на фотографии пред и во текот на жирирањето, неадекватно постапување со фотографиите, грубо однесување на организаторот во работата на жирито и негово толерирање за попречување на работата на жирито од страна на присутните и сл.). - Поени 1
За жирирање со мали пропусти (делумно квалитетен амбиент, толерирање од страна на организаторот за мало попречување на работата на жирито од страна на присутните и сл.) - Поени 3
За жирирање без замерки.
Член 5
КРИТЕРИУМ – ИЗВЕСТУВАЊЕ
- Поени -3 (минус 3)
За навремено или не известување. - Поени 3
За навремено и целосно известување.
Член 6
КРИТЕРИУМ – ИЗЛОЖБА
- Поени -3 (минус три)
За неадекватна постапка (несовесно, претрпено, во простор кој не одговара, необележани фотографии, непримерно отворање и сл.) - Поени 1
За солидна постапка со мали пропусти (нееднакво осветлување, повеќе фотографии од дадениот простор, солиден одзив на отворањето и сл.). - Поени 3
За поставка без суштински замерки (галериски простор, добро осветлување, добар распоред, добро означени фотографии, поволен општ впечаток за организацијата и изложбата). - Поени 5
За се наведено од претходниот став со додатен поен за оценка за отворање на изложба (примерен настап на сите учесници на отворање на изложбата, од говорникот до организаторот, адекватен пропратен програм, поволна оценка за посетеноста на изложбата).
Член 7
КРИТЕРИУМ – КАТАЛОГ
- Поени – 5 (минус пет)
Организаторот не го отпечатил или електронски објавил каталогот ни 30 дена после предвидениот рок. - Поени -3 (минус три)
Организаторот го отпечатил или електронски објавил каталогот со задоцнување од 30 дена. - Поени 1
За недоволен квалитет и некомплетен каталог отпечатен или електронски објавен во предвидениот рок. - Поени 3
За солиден каталог со сите елементи, но со ситни недостатоци, пред се од технички карактер. - Поени 5
За одличен каталог (комплетен, одлично реализиран, прегледен со квалитетен дизајн).
Член 8
КРИТЕРИУМ – НАГРАДИ
- Поени 3
За дипломи и медали од НФУ (во согласност со пропозициите ) и со ексклузивни и вредни награди од спонзорот или покровителот.
Член 9
КРИТЕРИУМ – ВРАЌАЊЕ НА ФОТОГРАФИИ И КАТАЛОГ
- Поени – 3 (минус три)
За враќање надвор од рокот, без (сите) каталози, намерно и неадекватно спакувани. - Поени 1
За враќање на време со ситни пропусти. - Поени 3
За враќање на време без пропусти.
Член 10
КРИТЕРИУМ – ОДНОС НА ОРГАНИЗАТОРОТ КОН НАЦИОНАЛНА ФОТО УНИЈА
- Поени – 3 (минус три)
За непочитување на правилникот и предлозите на НФУ (недоставени комплетни документации за изложбата на УСБ, со фотографии од жирирањето и од отворањето на изложбата). Неблаговремено праќање на резултати од жирирањето на e-mail на НФУ (благовремен рок е оној пред отворање на изложбата). - Поени 1
За ситни пропусти по однос на Правилникот и предлози на НФУ. - Поени 3
За однос кој ги уважил сите правилници и предлози на НФУ.
Член 11
Табела за внесување на поени спрема наведени критериуми:
Изложба: Организатор: Место: Отворање: | ||||||
Р.бр. | Критериум | Поени | ||||
-5 | -3 | 1 | 3 | 5 | ||
1. | Пропозиции | |||||
2. | Партиципација | |||||
3. | Жирирање | |||||
4. | Известување | |||||
5. | Изложба | |||||
6. | Каталог | |||||
7. | Награди | |||||
8. | Враќање на дела и каталози | |||||
9. | Однос на организаторот кон НФУМ | |||||
СИТЕ: | ||||||
Квалификација: | Вкупен број на поени: | |||||
Напомена на делегатот: Делегат: |
Член 12
Квалификација на изложба на основа на бодување по сите критериуми.
Изложба со негативни поени по поединечни критериуми:
- Секоја изложба која има вкупно повеќе од 8 негативни поени, се квалификува како: „Лошо организирана изложба“ без предвид на другите позитивни поени. Националната фото унија (Комисија за покровителство на Извршниот одбор), во пишана форма, ќе го извести организаторот за сите пропусти за реализација на изложбата. Во однос на добиеното образложение, а во зависност од квалитативни суштински пропусти, ќе се одлучува за понатамошна соработка.
- Изложба со вкупен број на негативни поени до минус 8, се квалификува како: „Изложба со значајни пропусти во организација“. Во тој случај се задолжува Комисијата за покровителство, да на основа на оценка на делегатот од табелата од членот 11 од овој Правилник, во пишана форма да го извести организаторот за направените пропусти, се со цел да се избегнат по наредната организирана изложба.
Изложби без негативни поени:
- Изложба без негативни поени, а со збир од 6 до 19 поени, реализирана е со мали пропусти и се квалификува како “Организирана изложба со задоволителен квалитет”. Во тој случај се задолжува Комисијата за покровителство да во пишана форма го извести организаторот за настанатите пропусти во организацијата, а со цел да се избегне во наредната организација на изложба.
- Изложба со збир на поени од 20 до 27 поени се квалификува како „Добро организирана изложба“.
- Изложба со збир на поени од 28 до 31 поени се квалификува како „Одлично организирана изложба“. НФУ доделува диплома на организаторот, за висока оценка за реализација и квалитет на изложбата. Со тоа организаторот влегува во конкуренција за прогласување за најдобар организатор на крајот на изложбената година.
Член 13
Комисијата за покровителство при Извршниот одбор, непосредно е надлежна за избор на делегат на изложбата, советодавна помош и оценка за неговиот труд. Извештај за работата на делегатот, Комисијата за покровителство го поднесува до Извршниот одбор на НФУ.
Член 14
Комплетно обработена табела пополнета според одредбите на овој Правилник се објавува на сајтот на Национална фото унија. За точно објавени податоци во Табелата за внесување на поени спрема наведени критериуми одговара Комисијата за покровителство при Извршниот одбор на НФУ.
Член 15
Толкување на одредбите во овој Правилник дава Извршниот одбор на НФУ.
Член 16
Измени и дополнувања на овој правилник донесува Извршен одбор на НФУ.
Член 17
Овој Правилник стапува на сила од денот на неговото донесување.