Член 1
Во НФУ се вреднуваат работата, резултатите и достигнувања на организација на НФУ.
По истекот на календарска година НФУ прогласува :
- Добитник на Годишна награда на фотографија;
- Пет најуспешни организации на НФУ.
За доделување на награди НФУ си води посебна евиденција.
Член 2
За посебен допринос за остварување на целите и задачите на НФУ, во текот на календарска година, во НФУ се доделува годишна награда за фотографија.
Добитник може да биде организација или лице кое што е во составот на НФУ или надвор од него.
Предлагач мора да биде група од 5 (пет) членови на НФУ или орган на НФУ. Предлогот мора да содржи писмено образложување, а одлуки за добитникот ги донесува Собранието на НФУ.
Наградите се состојат од плакети НФУ и дипломи.
Член 3
Во согласност со одредбите од овој Правилник, организација која е најуспешна во НФУ, се назначува за Организација на годината.
Организација на годината се наградува со диплома.
Такви дипломи ќе примат и останатите 4 (четири) организации од листата 5 (пет) најуспешни.
Изгледот и содржината на дипломите го одредува Извршниот одбор на НФУ, кој може да додели и соодветни пехари, односно пригодни подароци, а организацијата може да приреди изложба.
Член 4
За одредување на листа за 5 (пет) најуспешни организации ќе се земе во предвид вкупен број на поени кои нивните членови ги имаат освоено на колективни или самостојни изложби во текот на календарската година, по Правилниците на НФУ.
Член 5
Работата на организациите во НФУ се оценува и листата од 5 (пет) најуспешни организации се составува по следните показатели:
- Вкупен број на поени на сите членови, освоени во согласност со овој Правилник;
- Изложбите кои организацијата ги организирала, и тоа:
- Изложба на почетници, 4 и 3 ранг 20 поени,
- Самостојна изложба Ф1. НФУ 50 поени,
- Изложба 2 ранг и самостојна изложба КМФ НФУ 80 поени,
- Самостојна изложба МФ НФУ 100 поени,
- Изложба 1 ранг 100 поени,
- Самостојна изложба ВМФ НФУ 120 поени,
- Самостојна изложба ДМФ НФУ 150 поени,
- Меѓународна изложба 350 поени.
Под поимот „изложба“ овој Правилник подразбира секоја категорија која се посебно рангира, во согласност со Правилникот за изложби на НФ.
Изложбата може да се вреднува само ако ги исполнува условите од Правилникот за изложби на НФУ, т.е. ако добие позитивна оценка во завршниот извештај на делегатите на НФУ.
Доколку за една изложба учествувале повеќе организации – коорганизатори, бројот на поени се дели меѓусебно на подеднакви делови, а НФУ не се смета за коорганизатор во смисла на овој став од Правилникот.
Доколку фото клуб (организација на НФУ) организира клупска или некаква друга групна изложба, со исти автори и исти фотографии, на повеќе места, се вреднува само една изложба.
Предавања со проекција на дигитални фотографии или дијапозитиви, со покана, но без соодветен каталог, не се вреднуваат.
- Семинари, курсеви и предавања:
- Семинар на НФУ 500 поени,
- Курс по фотографија (над 20 посетители) 500 поени,
- Курс по фотографија (до 20 посетители) 400 поени,
- Курс по фотографија (до 10 посетители) 200 поени,
- Предавање за членови и јавност 10 поени.
Под поимот “предавања” овој правилник подразбира уснени излагања од компетентни лица, за стручни естетски и организациски прашања, одржани независно од курсеви и семинари, а во обѕир за вреднување се зема доколку има 15 предавања во текот на една година.
- Обука и усовршување на членови и тоа, за секој член на организацијата кој со успех завршил:
- Семинар на НФУ 15 поени,
- Висок курс за фотографија 10 поени,
- Курс по фотографија за почетници 5 поени.
- Доделени звања на членовите:
- Наставник во НФУ 30 поени,
- Инструктор во НФУ 50 поени,
- Ф3 НФУ 5 поени,
- Ф2 НФУ 10 поени,
- Ф1 НФУ 20 поени,
- КМФ НФУ 50 поени,
- МФ НФУ 100 поени
- ВМФ НФУ 120 поени,
- ДМФ НФУ 150 поени.
- Резултати на Републички изложби на фотографии
- 1 место 100 поени,
- 2 место 50 поени,
- 3 место 30 поени.
Резултатите на организацијата на Републичка изложба на фотографии се добиваат со собирање од резултатите на сите членови на таа организација на Републичка изложба на фотографии, Републичка изложба на дигитални фотографии, Републичка изложба на дијапозитиви и Републичка изложба на фотографија за млади.
Организацијата ќе биде рангирана во 5 (пет) најуспешни организации на НФУ врз основа на збир на сите поени, освоени по сите критериуми од овој член во Правилникот.
Член 7
За рангирање на организации на НФУ резултатите се собираат на следниот начин:
Секој излагач на организацијата пополнува потребни податоци и потпишува правописен формулар од кој се гледа на кои изложби има учествувано, колку поени има освоено и по која основа, водејќи ред да во него внесе изложби отворени заклучно со 31 декември од претходната година. Изложби кои се отворени после овој датум се префрлаат во наредната година, независно од тоа што пишува во пропозициите, или во која година треба да бидат одржани, ако се традиционални.
Пополнетиот формулар го доставува на матичната организација најдоцна до 1 февруари во тековната година, а таа го ускладува со сопствената евиденција и со консултации со излагачот, евентуално да преправи или дополни, а да е во согласност со Правилникот на НФУ.
На основа на точни податоци за секој автор, администрацијата на организацијата ќе пополни посебен формулар за резултати за својата дејност и заедно со копии од формуларот за сите излагачи ќе го достави во канцеларијата на НФУ најдоцна до 15 февруари во тековната година.
Член 8
Изгледот и содржината и начин на употребата на сите формулари од овој Правилник, го пропишува Извршниот одбор на НФУ, а заинтересираните го набавуваат во канцелариите на НФУ или на сајтот на НФУ (npum.net). Формуларот може да се праќа и по електронска пошта.
Член 9
Доколку утврдат дека нивните матични организации не го почитувале Правилникот, пропишан во процедури и рокови, излагачите се овластени сами да достават формулари со своите резултати, непосредно во канцеларијата на НФУ, со писмено образложување, до 15 февруари во тековната година. Формуларот може да се праќа и по електронска пошта.
Член 10
Извршниот одбор на НФУ ќе ги усогласи податоците со својата евиденција, ќе ги провери ускладените добиени податоци од правилниците на НФУ и на основа на точните податоци, ќе состави листа од сите организации, со збир на поени на сите организации најдоцна до 1 март во тековната година, а оригиналните формулари за најмалку 5 (пет) најуспешни организации задолжително ќе ги чува и ќе ги даде на увид на секој член на НФУ на негово барање.
Извршниот одбор на НФУ ќе ги изработи, исклучиво целосни, уредни и во пропишан рок добиените податоци, и на основа на тие податоци ќе состави листа од најуспешни организации, и ќе приложи материјал за прв нареден состанок на Собранието.
Со истекот на овој рок сите листи ќе се сметаат за конечно заклучени и никакви коригирање и дополнувања не се дозволени.
Член 11
Резултатите од работата на организацијата на НФУ во претходната календарска година ги прогласува Извршниот одбор на НФУ на 1 Март во тековната година.
Член 12
Толкување на одредбите на овој Правилник дава Извршниот одбор на НФУ.
Член 13
Измени и дополнувања на овој Правилник ги донесува Собранието на НФУ.
Член 14
Правилникот стапува на сила и се применува од денот на донесување.