Член 1
Во НФУ се вреднуваат работата за остварување на целите и задачите на НФУ, постигнатите резултатите на изложбите и придонесот во промоција и развој на фотографскат уметност.
За извонреден долгогодишен придонес во промоција и развој на фотографската уметност и извонредни постигнати резултати, се доделува:
Награда за животно дело.
По истекувањето на календарската година се прогласува:
Добитник на Годишна награда за фотографија;
Десет најуспешни фотографи.
За доделени награди во НФУ се води посебна евиденција.
ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ФОТОГРАФИЈА
Член 2
За посебен допринос во остварување на целите и задачите на НФУ, во текот на календарската година, во собранието на НФУ доделува Годишна награда за фотографија.
Добитникот може да биде физичко лице кое е член на НФУ или надвор од неа.
Предлог за доделување на Годишната награда за фотографија се доставува до Уметничкиот совет во писмена форма, потпишана од страна на најмалку 5 (пет) членови на НФУ или орган на НФУ. Предлогот мора да содржи писмено образложение, а Уметничкиот совет дава мислење за предлогот до Собранието на НФУ. Предлогот за наградата се усвојува на годишна седница на Собранието на НФУ со мнозинство на гласови.
Наградата се состои од плакетa на НФУ и дипломa.
ЛИСТА НА ДЕСЕТ НАЈУСПЕШНИ ФОТОГРАФИ
Член 3
На крај на календарска година со формира листа на 10 (десет) најуспешни фотографи. За формирање на листата се земаат предвид сите примени фотографии на меѓународни, државни и домашни изложби, како и реализирани клупски и самостојни изложби.
Доколку авторот има примено фотографии на меѓународни изложби, бројот на примени фотографии се множи со фактор 1, (Пример: примени 4 фотографии помножено со 1 е еднакво на 4 фотографии)
Доколку авторот има примено фотографии на државни изложби во организација на НФУ, бројот на примени фотографии се множи со фактор 0,75. (Пример: примени 4 фотографии помножено со 0,75 е еднакво на 3 фотографии)
Доколку авторот има примено фотографии на домашни изложби, клупски изложби или самостојни изложби со покровителство на НФУ, бројот на примени фотографии се множи со фактор 0,5. (Пример: примени 4 фотографии помножено со 0,5 е еднакво на 2 фотографии)
Член 4
Првиот на листата на 10 (десет) најуспешни фотографи се прогласува за добитник на награда за најуспешен фотограф за соодветната година и се наградува со диплома.
Соодветни дипломи ќе примат и останатите 9 (девет) фотографи од листата 10 (десет) најуспешни фотографи.
Изгледот и содржината на дипломита го одредува Извршниот одбор на НФУ, а со посебна одлука може да доделат и соодветни трофеи или пригодни подароци. На носителот на наградата за најуспешен фотограф Извршниот одбор може да му приреди изложба.
Член 5
За рангирање на членовите на НФУ резултатите се собираат на следен начин:
Секој излагач пополнува формулар со потребни податоци и се потпишува, од кој се гледа:
на кои изложби има учествувано,
колку фотографии има освоено и по која основа,
датум на отворање на изложбата или затворање на конкурсот за изложба, при тоа се бројат само изложби во календарската година за која се конкурира за награда
Пополнетиот формулар членот на НФУ го доставува на Уметничкиот совет на НФУ, најдоцна до 15 февруари во тековната година.
Член 6
Уметничкиот совет на НФУ ќе ги собере сите пристигнати формулари и ќе ја утврди веродостојноста на пријавените податоци и ќе ја провери усогласеноста на податоците со правилниците на НФУ. За утврдување на веродостојноста на пријавените податоци, по потреба Уметничкиот совет може да го контактира авторот за дополнителни информации.
Врз основа на верификуваните точни податоци, Уметничкиот совет ја подготвува ранг листата на сите пријавени нандидати и ја доставува до Извршниот одбор, кој ја утврдува и усвојува финалната листа на 10 (десет) најуспешни фотографи.
Усвоената листа на 10 најуспешни фотографи се објавува на сајтот на НФУ, најдоцна до 31 март во теквната година, а се свечено се прогласуваат на првата наредна седница на Собранието на НФУ.
НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО
Член 7
За извонреден долгогодишен придонес во промоција и развој на фотографската уметност и постигнатите резултати, НФУ доделува посебна награда која носи назив Награда за животно дело.
Член 8
Награда за животно дело ја доделува Собранието на НФУ по предлог на орган на НФУ или група од најмалку 10 (десет) членови на НФУ.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 9
Видот и содржината на наградите на предлог на Уметничкиот совет на НФУ, ги утврдува Извршниот одбор на НФУ..
Член 10
Изгледот, содржината и начинот на употреба на сите формулари од овој Правилник, ги утврдува Уметничкиот совет на НФУ, а заинтересираните можеат да ги симнат од сајтот на НФУ (npum.net). Формуларите можат да се пратат и преку електронска пошта.
Член 11
Толкување на одредбите на овој Правилник ги дава Извршниот одбор на НФУ.
Член 12
Измени и дополнувања на овој Правилник ги донесува Собранието на НФУ.
Член 13
Правилникот стапува на сила и се применува од денот на донесување.