Правилник за изложби

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Изложби се еден вид и форма на работа на НФУ.

Член 2
Изложби организира НФУ, фото клубови, други организации или поединци, според Правилник за изложби на НФУ. Изложби што ги организира НФУ се Државни изложби на фотографии. Сите останати изложби носат име: изложба на фотографии, но доколку изложбата е тематска или традиционална носи свое име. Во случај на самостојна изложба на името на изложбата се додава името на авторот, односно името на клубот.

Член 3
Под фотографија подразбираме:
Фотографии направени со класична фотографска постапка (на фотографска хартија или картон), во колор или црно-бела техника.
Фотографии направени со дигитални медиуми (хартија, картон), во колор или црно-бела техника.
Проекција на дијапозитиви, во колор или црно-бела техника.
Проекција на дигитални фотографии, во колор или црно-бела техника.

Член 4
Препорачана големина на фотографии е со максимални димензии 30 x 45 цм или изведен формат од која пократката страна мора да има минимум 30 цм. Димензија на паспартуата не смее да биде поголема од 40 x 50 цм и подебела од 2 мм. Изложбена големина на дијапозитиви е 24 x 36 мм. Дијапозитиви мора да бидат во дијарамки со големина 5 x 5 цм и дебелина од 2 мм.
Дигитални фотографии наменети за проекции мора да бидат .jpg формат со големина 1920 x 1080 пиксели или поголема. Организаторот на изложбата има право да бара и поголем формат сразмерно потреба за печатење.

Член 5
Пропозиции за изложбата ги утврдува организаторот, а во склад со овој Правилник. Од ова се исклучува државните изложби на фотографија за кои пропозициите се утврдени со посебен правилник.

Член 6
Тематски и други изложби организирани од фото клуб, друга организација, самостојно или во соработка со некоја организација на НФУ, се признати и рангирани само ако се организирани според овој правилник. Автори кои ќе освојат поени на овие изложби, им се признаваат при барање за звање.

Член 7
Објавување на изложба се врши преку пропозиции, печатени или во електронска форма, кои мора да бидат испратени најмалку 30 дена пред последниот ден за прием на фотографии.

Член 8
Пропозиции за изложба мора да ги содржат следниве податоци: тема на изложба, календар, жири, награди, формат и број на фотографии.
За секое пренесување на изложбита на повеќе места, ако тоа не е регулирано во пропозициите на изложба, потребна е согласност од авторите и клубовите.

Член 9
Навремено пристигнати фотографии се сметаат оние фотографии кои стигнале заклучно денот наведен во пропозиции.
Времетрање помеѓу последен ден за прием на фотографии и ден на жирирање мора да биде најмалку 7 дена. Организаторот има право да ги вклучи во жирирање и оние фотографии кои се пристигнати по последен ден за прием на фотографии.

Член 10
Фотографија на хартија или картон која се праќа на изложба на задната страна мора да има:
Име и презиме на автор, како и звање во НФУ, ИААП, ФИАП, ПСА и други асоцијации.
Адреса на автор.
Наслов на фотографија и годината на нејзиното настанување;
Електронска адреса на автор.
Кај дијапозитив на рамката мора да има:
Име и презиме на автор, како и звање во НФУ, ИААП, ФИАП, ПСА и други асоцијации.
Адреса на автор.
Наслов на дијапозитив.
Ознака за правилна проекција на дијапозитив.
Датотека на фотографија пратена во електронска форма мора да има:
Име и презиме на автор, како и звање во НФУ, ИААП, ФИАП, ПСА и други асоцијации.
Адреса на автор.
Наслов на фотографија и годината на нејзиното настанување;
Електронска адреса на автор.
За изложби во странство треба да се стави припадност во Национална фото унија, а насловот на фотографијата треба да се испише на еден од јазиците на ФИАП, ПСА или ИААП.

Член 11
Средствата за организација на изложба ги обезбедува приредувач или организатор на изложбата.

Член 12
Состав на жири го одредува организатор на изложбата, а од редови на членови на НФУ или други афирмирани познавачи на фотографија. Жири комисија треба да има најмалку три члена, од кои најмалку два члена треба да се со звање фотограф I класа или со повисоко звање.

Член 13
Изложба може да има селектор. Селектор не смее да има звање помало од Кандидат Мајстор. Селектор може да биде и странски државјанин со звање пандан на КМ.

Член 14
Организатор мора да води сметка во жири комисија да не учествуваат секогаш исти лица.

Член 15
Еден автор може да добие само една награда во секоја тема.

Член 16
Организатор на изложба е должен да ги почитува и гарантира авторските права на излагачите, но го користи правото на користење на фотографиите исклучиво за печатење на каталог и плакат за потреби на изложбата како и за други промотивни потреби.

Член 17
Најдоцна десет дена по жирирање на изложба, организаторот мора да достави на учесниците известување од резултати на жирито и известување за термин на отворање на изложбата.

Член 18
Организатор на изложба мора да издаде каталог сходно на своите финансиски можности. Каталогот мора да содржи:
име на изложба,
вид на изложба (државна, меѓународна, клупска и сл.),
дата и место на одржување,
организационен одбор,
жири комисија / селектор,
награди,
список на примени фотографии и нивни автори,
статистички приказ на изложба (број на учесници, број на примени и одбиени фотографии, преглед на учесниците по звања и сл.),
ранг на изложба,
Каталог не смее да содржи текстови кои се во спротивност со одлука на жирито.

Член 19
Организатор на изложба мора да достави каталогот најдоцна до датум на испорака
на сите автори чии фотографии се примени,
на сите клубови чии членови ги дале своите фотографии,
на Национална фото унија.

Член 20
Организатор на изложба мора да достави награди до наградени автори, најдоцна до датум на испорака, односно во склад со календар на изложбата.

Член 21
Организатор на изложба нема право да задржува фотографии од изложба. Секое задржување на фотографии мора да биде регулирано меѓу авторот и организаторот надвор од пропозициите на изложбата.

Член 22
Изложба, односно секоја тема на изложба има свој ранг, кој се утврдува по следнава шема:

ДРЖАВЕН РАНГ
Изложба организирана од НФУ.

ПРВ РАНГ (I)
Изложба која има најмалку 50 учесници, од кои барем 5 автори се со звање Ф1 НФУ или повисоко, со звање на ИААП, ФИАП, ПСА или со соодветни национални звања од други држави.

ВТОР РАНГ (II)
Изложба која има најмалку 30 учесници, од кои барем 2 автори се со звање Ф1 НФУ или повисоко, со звања на ИААП, ФИАП, ПСА или со соодветни национални звања од други држави.

ТРЕТ РАНГ (III)
Изложба со најмалку 10 учесници.

Член 23
Клупска, самостојна и групна изложба може да добие покровителство на НФУ. Истите се бодуваат како изложа од трет ранг, при што максимален број на поени е 50.
Клупска изложба е изложба организирана во рамки на еден фото клуб, каде право на учество имаат сите членови на клубот. Услови за изложбата го регулира клубот, и за истата мора да се издаде соодветен каталог.
Самостојна изложба е изложба од најмалку 20 фотографии на еден автор. Самостојна изложба мора да има соодветен каталог.
Групна изложба е изложба на повеќе автори. Изложба мора да има соодветен каталог.

Член 24
Организатор на изложба, врз основ на овој Правилник го именува рангот на изложбата и истиот го печати во каталог. Звање на учесниците, кое влијае на рангот на изложбата, организаторот го печати со името на учесникот.

Член 25
Бројот на поените се одредува на следниот начин:

НаградаIII РАНГII РАНГI РАНГМеѓународен рангДржавен ранг

I
1822263030
II1014182222
III68101414
Диплома45788
Примена23455

Член 26
Член на жири добива поени за свои изложени фотографии доколку го користи правото на излагање на своите фотографии без жири. Поени се доделуваат исто како за примените фотографии, но најмногу може да изложи четири фотографии.
Фотографии изложени вон конкуренција, освен фотографиите на членови на жири, не се бодуваат. Фотографии изложени вон конкуренција не влијаат на ранг на изложбата.

II. ДРЖАВНИ ИЗЛОЖБИ

Член 27
НФУ ги приредува следните изложби:
Куп на македонска фотографија.
Куп на младинска македонска фотографија (за автори до 21 година).
НФУ може да отстапи организација на некој од клубовите на НФУ.

Член 28
Право на учество имаат сите државјани на Северна Македонија под услови кои ќе ги одреди организатор, а во склад со овој Правилник.

Член 29
Жири комисија на државна изложба е составено од најмалку 3 члена.
Состав на жири комисија на изложба организирана од НФУ го определува Извршен Одбор на НФУ.

III. МЕЃУНАРОДНИ ИЗЛОЖБИ

Член 30
Меѓународна изложба организира НФУ, фото клуб или член на НФУ. Клуб или член на НФУ за организација на меѓународна изложба може да има покровителство од НФУ.

Член 31
Меѓународна изложба со покровителство на НФУ се организира во склад со пропозициите на НФУ или друга меѓународна фотографска асоцијација.
Меѓународна изложба која има покровителство на НФУ, а нема од некоја друга меѓународна асоцијација ќе се третира како меѓународна, само ако има автори од најмалку 5 земји. Меѓународна изложба која го нема задоволено горенаведеното ќе се рангира како изложба од I, II или III ранг зависно од бројот на учесници.

Член 32
Изложба во друга држава може да приредува НФУ, клуб или член на НФУ.
На изложба во друга држава, која ја приредува странска организација, може да учествува клуб и член на НФУ.

Член 33
Одлука за покровителство од НФУ за изложба организирана во Северна Македонија дава сектор за излагачка дејност на НФУ, најдоцна 15 дена од денот кога има добиено барање од клуб или поединец кој ја организира изложбата.
Покровителство на НФУ заедно со реден број на покровителство мора да биде презентирано на видно место во каталог на изложбата.
На изложба со покровителство на НФУ организатор мора да подели една серија награди на НФУ.
Ако изложба со покровителство на НФУ не е по Правилникот за изложби, истата наредна година не може да добие покровителство на НФУ.

Член 34
Изложба со покровителство на НФУ мора да има делегат на НФУ, одреден од страна на Извршен одбор на НФУ. Организатор мора да обезбеди хонорар во износ најмалку на висина од една дневница. Должности на делегат се:
Да помогне при организација на изложба согласно можностите.
Да утврди дали изложбата е во склад со пропозиции и Правилник на НФУ.
Во рок од 10 дена да поднесе заверен „Извештај на делегат на изложба“ од жирирање и заверен список на примени фотографии.
Да го информира НФУ за усогласување на каталог на изложбата со правилник на НФУ.
Да утврди дали самостојна изложба е според правилник на НФУ и за тоа да достави извештај на организатор на изложбата.

Член 35
На изложба со покровителство на НФУ, препорачливо е организаторот да ги ослободи од котизација сите активни членови на НФУ.

IV. ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ИЗЛОЖБИ

Член 36
Покровителство на НФУ е посебно признание кое однапред се доделува за планирана изложба на фотографии на група автори.

Член 37
Покровителство се доделува на изложба со конкурс која се жирира и спроведува во согласност со Правилник за изложби на НФУ. Од ова се ослободени самостојни и клупски изложби.

Член 38
Покровителство се доделува на барање на организатор на изложба на фотографии.
Барање за доделување покровителство се доставува на Извршниот одбор на НФУ, пред праќање на официјалните пропозиции, а најкасно 90 дена пред заден ден за прием на фотографии.
Со барање за покровителство, организатор на изложбата е должен да достави целосен текст со пропозиции.

Член 39
Покровителство на НФУ го доделува Извршниот одбор на НФУ.
Извршен одбор на НФУ може да даде покровителство на изложба само на член или организација која е членка на НФУ. Со исклучок ИО на НФУ може да даде покровителство на изложба на организација која не е членка на НФУ, а е значајна за унапредување на фотографската култура, доколку смета дека истата има можности изложбата, односно конкурсот го спроведе во согласност со Правилникот на НФУ.

Член 40
Организација или поединец на кого НФУ ќе му додели покровителство за изложба на фотографии, должен е да спроведе изложба со почитување на Правилник за изложби на НФУ.

Член 41
Покровителство се издава во вид на потврда за покровителство.
Секоја издадена потврда е обележана со број.
Потврда за покровителство мора да биде назначена во пропозиции за учество на изложба и прикажана во каталог на изложбата.

Член 42
Организатор на изложба со покровителство на НФУ должен е да користи НФУ лого на покани, каталог, дипломи и други материјали поврзани со изложбата.
Организатор на изложба со покровителство на НФУ должен е во каталогот да посвети една страна за информации за НФУ и доделување на покровителство.

Член 43
Организатор на изложба со покровителство на НФУ должен е да додели најмалку три НФУ медали. Награди на НФУ се:
златен медал за првонаграден
сребрен медал за второнаграден
бронзен медал за третонаграден
диплома

Член 44
НФУ медал или диплома се доделува како значајна фотографска награда, која организатор на изложбата мора да ги назначи во поканата за учество, но и во каталог на изложбата.
Организатор на изложба со покровителство на НФУ може да додели и свои награди и признанија.

Член 45
Покровителство може да биде повлечено доколку се утврди дека организатор на изложбата го прекршил Правилникот за изложби на НФУ.
Ново покровителство може да се одобри доколку организатор на изложбата достави целосна документација со објаснување за настанатите пропусти во организација како и гаранција за дека ќе го почитува Правилникот за изложби на НФУ.
ИО на НФУ може да одбие да додели покровителство за изложба на организатор доколку утврди дека за претходната изложба на истиот организатор, негативно го оценил за непочитување на Правилник за изложби на НФУ.
ИО на НФУ не може да додели покровителство на организатор кој ги нема подмирено сите финансиски должности спрема НФУ.

Член 46
Покровителство на изложба не значи дека НФУ презема одговорност за било какви пропусти во организирање на изложбата.

V. ФОРМИРАЊЕ НА КОЛЕКЦИИ

Член 47
Колекции кои го претставуваат НФУ во странство, се формираат по пат на пропозиции кои ги регулираат:
Формат.
Тема.
Заден рок за доставување.
Број на фотографии.
Жири, односно селектор.
Рок на враќање на фотографиите.
За формирање на овие колекции задолжен е Уметнички совет на НФУ.

VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 48
Толкување на одредбите на овој Правилник дава Извршниот одбор на НФУ.

Член 49
Измени и дополнување на овој Правилник донесува Собранието на НФУ.

Член 50
Правилникот стапува на сила и се применува од денот на донесување.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com