Фото сафари Прочка – Прилеп

Почитувани,

Фото Кино Клуб „Прилеп“ организира на фото дружба и фотографирање на прилепскиот карневал „Прочка 2024“ кој ќе се одржи на 17 март 2024 год.

Карневалот „Прочка“ е еден од најзначајните културни манифестации во пелагонискиот регион кој привлекува голем број домашни и странски посетители. Овој настан претставува извонредна можност за фотографите да ги збогатат своите портфолија.
После завршувањето на карневалот, ФКК – Прилеп, во соработка со Општина Прилеп и Национална фото унија на Македонија, ќе објави меѓународен конкурс за уметничка фотографија. На овој конкурс ќе се примаат исклучиво фотографии креирани на овогодинешниот карневал.

За најдобрите и најкреативни фотографии стручното жири ќе додели соодветни парични награди.
Проектот ќе биде заокружен со изложба на фотографии која ќе се одржи на 17 мај 2024 год.

Повикот е отворен за сите професионални фотографи и фото-аматери од земјата и странство!

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк најдоцна до 10 март 2024 година. 👇

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com