In memoriam Томислав Петернек

Томислав Петернек бил роден во 1933 година во Винковци, а се занимавал со фотографија од 1954 година. Со новинарска фотографија почнал да се занимава во Светлост (Крагуевац). Брзо преминува во Белград и ја продолжува својата работа во Борба, Спорт и свет, Младост, Југословенска ревија и Економска политика. Цели 24 години, од 1970 година, бил уредник за фотографија во белградскиот неделник НИН и на тоа место останал до пензионирањето во 1993 година. Неговите фотографии се објавени на 700 насловни страници на тој неделник. Петернек работел фотографии за различни светски медиуми, а покрај тоа бил акредитиран кај министерството за информирање на Југославија како кореспондент на големи фото-агенции меѓу кои се Ројтерс, Истлајт, Контраст, УНИЦЕФ, Корби Сигм и др. Со фото-апаратот ги забележал најзначајните домашни и меѓународни настани, воени конфликти, демонстрации. Со своите фотографии го обележал историјата на поранешна Југославија, но и дел од настаните по распаѓањето на земјата. Фотографирал последиците од разорниот земјотрес во Скопје во 1963 година и половина век подоцна ги претставил на изложба во тој град. Се занимавал и со применета, рекламна и модна фотографија. Од 1980 година се занимавал и со подводна фотографија – снимал во Јадранското море, Карипското море, Индискиот океан, Црвеното море.

„Еднаш лажете во фотографијата, читателите никогаш повеќе нема да ви веруваат”

Томислав Петернек велел дека го подредил својот живот на фотографијата: „Фотографијата секогаш била на прв план. Фотографијата, јас сметам, треба да се чита како и текстот што се чита. Ако нема што да се прочита на неа – таа не вреди”, рекол Петернек. Основниот постулат кој го следел за време на својата работа е, како што велел, да никогаш не лаже. „Еднаш лажете во фотографијата, читателите никогаш повеќе нема да ви веруваат”, истакнал Петернек. Наведувал и дека се обидел сè да работи и дека учел сам, бидејќи во времето кога почнал да се занимава со фотографија не имало факултет за тоа. „Јас сум горд на моите фотографии, а уште сум погорд на бројот на луѓе кои ги обучив фотографски”, велел Томислав Петернек.

Почина на 24 март 2024 година.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com