11 клупска изложба на Фото-кино клуб Прилеп – „Јордан Зазоски-Зазо“

Фото-кино клуб „Прилеп“ на 17 април 2024 годниа, во 19 часот на локација НУЦК Марко Цепенков ја организира 11-тата клупска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“. Оваа изложба е традиционален настан кој се одржува секоја година во чест на фотографот Јордан Зазоски – Зазо.

На изложбата ќе бидат изложени 46 фотографии од 30 членови на Клубот. Секој од нив преку своите дела ќе го претстави својот личен уметнички потенцијал преточен во фотографија. Посочените дела се одраз на нивната креативност, уметничка визија и техничка вештина. Секоја фотографија е уникатен израз на уметничка перцепција на членовите на Клубот.