На 10 јули 2025 (четврток), со почеток од 20:00 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметничка фотографија на Виктор Трајковски.

Изложбата со наслов „Живот на улица“ претставува визуелно патување низ уличната сцена на Холандија, Белгија, Франција, Италија, Словенија, Турција, Јапонија, Германија, Австрија, Хрватска и Македонија. Секоја фотографија претставува приказна, кадар уловен меѓу сенките, светлината и ритамот на секојдневниот урбан живот.
Ве покануваме да ја посетите оваа инспиративна изложба и заедно да го прославиме првиот самостоен чекор на авторот на уличната фотографска сцена.
🗓 Дата: 10 јули 2025
🕗 Време: 20:00 ч.
📍 Локација: НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово