Почитувани,
Како што се приближува Новата година, сакам да упатам искрени честитки до сите фотографи – членови на Националната фото унија на Македонија, како и до целата фотографска заедница во земјава. Ви посакувам среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, инспирација и многу креативни моменти.

Со доаѓањето на празничните денови и Божиќ, ви посакувам мир и радост во домовите и убави моменти со најблиските. Благодарен сум што сум дел од оваа креативна заедница и што заедно растеме и создаваме преку фотографијата. Со радост ја очекувам уште една година на соработка и нови заеднички приказни.
Воедно, ги повикувам сите кои сè уште не се дел од нашата заедница да ни се придружат во Националната фото унија на Македонија.
Придружете се на следниот линк: https://npum.net/?page_id=203
Заследете не на https://www.facebook.com/npumk
Среќна Нова година и среќни празници!
Националната фото унија на Македонија
М-р Стефан Илиевски
Претседател
Национална фото унија на Македонија