Оваа година ФКК Битола слави 10 години од своето формирање. Она што на почетокот започна интузијастички, низ годините прерасна во добро организирана целина која успеа да се етаблира како неизоставен дел во светот на фотографијата и аматерскиот филм (како кај нас, така и надвор од нашата земја) залагајќи се пред се за своите естетски вредности. Нормално има многу нешта што можат да се кажат за периодот кој измина, но понекогаш е подобро одредени работи да се остават на судот на времето. Кога се работи за ФКК Битола, не е важно дали од досегашната работа или во блиска иднина ќе се појави некој нов Andreas Gursky или Cindy Sherman, она што е важно, или подобро кажано што ни било важно уште од самиот почеток на формирањето на клубот е љубовта кон фотографијата. И на така поставена матрица од самиот старт сите беа и сеуште се добредојдени да научат нешто, да создаваат, фотографираат и растат заедно со нас, надополнувајќи се, учејќи едни од други, со надеж дека еден ден сите овие изложби, работилници, предавања итн, ќе вредат нешто за идните поколенија и ќе остават неизбришлива трага во културниот пулс на нашиот град. Изложбата ќе биди поставена во Офицерскиот дом, на 21.12.2022 со почеток од 19.00 часот.
Препорака за понатамошно читање
Со задоволство го споделуваме извонредниот успех на двајца членови на Националната фото унија на Македонија, Александар Томовски и Наум Цветковски, кои се […]
Во чест на меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, Фото клуб Куманово во соработка со Национална фото унија и Центар за култура […]
Почитувани, Национална фото унија е посветена на негување и славење на различните таленти во македонската фотографска заедница. Нашата мисија е да обезбедиме […]
Светскиот ден на фотографијата, кој се слави секоја година на 19-ти август, оддава почит на уметноста и науката за фотографијата. Тоа е […]