Годината 2025 ја продолжи традицијата на неизвесност на македонската фотографска сцена, но овојпат трката беше побрза од која било досега. Победничкиот збир од минатата година беше речиси удвоен, а разликата меѓу првите двајца на крајот изнесуваше само 64 поени.
Годината ја отвори Александар Томовски, кој во првите два месеца беше на врвот на листата. Во март на прво место се искачи Дејан Коцев, а во април водството го презеде Мирза Ченгиќ и го задржа наредните седум месеци. Во октомври неговата предност беше поголема од 800 поени и се чинеше дека победникот е познат.
Ноември и декември донесоа пресврт. Со силна завршница Дејан Коцев ја стопи разликата и во последниот месец го презеде првото место. Сезоната ја заврши со 837 примени фотографии и 146 награди на 67 изложби, додека Мирза Ченгиќ има 859 примени фотографии и 142 награди на 81 изложба. Две речиси идентични сезони, разделени со 64 поени.
Според официјалниот бодовен систем, десетте најуспешни излагачи за 2025 година се:
- Дејан Коцев – 6225 поени
- Мирза Ченгиќ – 6161 поени
- Александар Томовски – 4577 поени
- Мери Бошкоска – 3690 поени
- Михаил Бутнејски – 3062 поени
- Виктор Трајковски – 2044 поени
- Анита Палческа – 1838 поени
- Неда Арсениевска – 1637 поени
- Зоран Здравев – 1460 поени
- Ненад Илиќ – 1421 поени
Најнаградена фотографија во текот на годината е „Dreams is necessary in life“ на Мирза Ченгиќ, со 16 признанија на меѓународни изложби.
Овие автори покажаа исклучителна посветеност и континуитет во текот на целата година, учествувајќи на бројни национални и меѓународни изложби. Најуспешните излагачи се прогласени врз основа на бодинг системот на меѓународната фотографска асоцијација ИААП (IAAP).
Извршниот одбор на НФУ им честита на авторите и им посакува уште поголеми успеси во наредната сезона.