На ден 01.11.2023 (среда) година во 19:30 часот, во изложбениот простор на Уметничка Галерија на Куманово, свечено беше отворена традиционалната меѓнародна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Кумново 2023“, во организација на Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово.
Публиката имаше можност да погледне шеесетина најуспешни фотографски дела, меѓу кои и 24 наградени. Наградата за најуспешен фотограф на изложбата му припадна на Раде Луковиќ од Р.С. Македонија. На ова издание на Фото салон Куманово пристигнаа фотографии од 115 автори од 10 земји или фкупно 443 фотографии а тешката задача да ги одбере и награди најуспешните имаше жирито во состав Милош Нешковски (Р.С. Македонија), Бранимир Ритоња (Р. Словенија), Марјан Јаневски (Р.С. Македонија).
„Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово и годинава ги доби сите признанија од фотографските организации ширум светот“, велат од клубот.
Покровители на изложбата се Општина Куманово и Министерство за култура на Р.С. Македонија а истата е под патронажа на Фото сојузот на Македонија.