Малински фото фестивал 2023

Почитувани,

Фото клуб Куманово ги поканува сите вљубеници во уметноста на отворањето на единствениот фестивал на фотографија во Македонија – “Малински фото фестивал” на 01-ви септември (петок) 2023 година со почеток во 19:00 часот. Свеченото отворање ќе се одржи во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово. Агендата за трите дена фестивалот можете да ја проследите на следниот веб сајт: malinski.photoclubkumanovo.com

Со почит,
Марина Атанасовиќ
Претседател на Фото клуб Куманово