Почитувани,
Ми претставува огромно задоволство да ви се обратам во оваа предпразнична атмосфера, изразувајќи најискрени желби за среќеи весели празници како и успешна Нова година. Се надевам дека ќе ги поминете празниците во креативно и позитивно друштво. Го користам овој момент да ја изразам својата благодарност за вашата преданост и талент кои допринесуваат за развој на македонската култура и фотографија воопшто. Горд што сум дел од оваа заедница. Со радост и нетрпение очекувам уште една година на издигување на креативноста, заедничко фотографирање на неповторливи моменти и постигнување на нови висини во нашиот заеднички стремеж.
Среќни празници на вас и вашите најблиски!
Би ја искористил оваа прилика да упатам повик до сите оние кои се уште не се дел од нашата заедница да се придружат на Националната фото унија на Македонија. Приклучете се на следниот линк: https://npum.net/member/register
Ви благодарам за вашата поддршка и соработка.
Со почит,
Стефан Илиевски
Претседател на Националната фото унија