На ден 25 ноември 2023 година (сабота) во 10:00 часот во просториите на Економски факултет во Прилеп беше одржана редовна седница на Собранието на здружение на граѓани Национална фото унија. За претседател на работното Претседателство беше избрана Мери Бошкоска, записничар Стефан Илиевски, а двајца оверувачи на записник Владимир Јовановски и Александар Томовски. Работата на собранието се одвиваше по следниот дневен ред:
- Ревизија на годишни активности на НФУ за 2022 и 2023 година;
- План на годишни активности на НФУ за 2024 година;
- Гласање за доделување на звањата Мајстор на Фотографија на НФУ;
- Разно;
- Доделување на благодарници за освоено звање.
За добитници на звања беа избрани:
Мајстор на Фотографија на НФУ
- Александар Томовски
- Владимир Јовановски
Кандидат мајстор на Фотографија на НФУ
- Анета Илиевска
- Иван Вукелиќ
- Мартина Салова Чешновар
- Неда Арсениевска
Фотограф на НФУ
- Фросина Јовановска
Собранието на Национална фото унија упати честитки и посака понатамошна плодна работа на фотографите добитници на звања.
По завршувањето на Собранието беше планиран фото-излет низ градот Прилеп, но за жал неповолните временски услови го спречија неговото реализирање.