На 15 декември 2023 година (петок) во 19:00 часот во просториите на Градска галерија – Струмица беше отворена изложбата Куп на македонска фотографија во организација на Национална фото унија.
На изложбата свои фотографии доставија над 70 фотографи со околу 1000 фотографии, од кои еминентна жири комисија во состав Александар Томовски (КМФ НФУ, Скопје), Мери Бошкоска (КМФ НФУ, Прилеп) и Марина Атанасовиќ (КМФ НФУ, Куманово) ги одбра најдобрите од нив. Изложени беа 50 најуспешни фотографии.
На отворањето од страна на претседтелот Стефан Илиевски беа доделени златен, сребрен, бронзен медал и шест дипломи за поединечни фотографии во сите категории. Каталогот на изложбата во електронска форма можете да го пронајдете на следниот линк: https://npum.net/kmf/archive/2023/catalog_hires.pdf
Национална фото унија се заблагодарува на сите посетители што беа присутни на отворањето на изложбата.