Пријави пред изборно собрание на НПУМ

Националната Фото Унија на Македонија ја информира фотографската заедница дека оваа година е изборна, со што се отвора можност за сите заинтересирани членови да се вклучат во работата и управувањето со унијата.

Со овој јавен повик, ги покануваме сите членови кои сакаат да придонесат за развојот и одржливоста на македонската фотографија да се пријават за учество во органите на унијата. Отворени се сите позиции, вклучувајќи раководни, извршни и организациски тела.

Вашето волонтерско ангажирање ќе помогне во унапредувањето на активностите на унијата, поддршката на македонските фотографи и организацијата на проекти од значење за заедницата.

📩 Пријавувањето е отворено!
Заинтересираните кандидати можат да ни напишат на photo.union.macedonia@gmail.com.

Националната Фото Унија на Македонија останува посветена на развојот на македонската фотографија и очекува активно учество од заедницата.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com