Стојанче Величковски – Цртање со фотографски апарат

На 25 септември 2025 (четврток), во салонот „Фоаје 2“ на НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, беше отворена изложбата на м-р Стојанче Величковски со наслов „Фотограми – цртање со фотографски апарат“. Публиката имаше можност да го доживее неговиот уникатен експериментален пристап кон фотографијата преку четириесет динамични и апстрактни фотограми.

Величковски, хералдичар и истражувач од Крива Паланка, нагласи дека изложените дела се резултат на дваесетгодишни истражувања во областа на експерименталната фотографија, изработени со дигитален фотоапарат и исклучени автоматски функции – техника што ја базира на древната метода „фотограми“.

Изложбата ќе биде достапна за посета во следните две недели во Кочани. Визуелно и концептуално доживување кое не се пропушта.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com