Владимир Јовановски со изложба на Фото сафари Шимановци

Во рамките на петтото издание на фото сафари Шимановци во Србија, кој традиционално се одржува во Општина Пеќинци, нашиот фотограф Владимир Јовановски ја претстави својата самостојна изложба „Луѓе од Бенин“.

На 7 септември 2025 година, во амбиентот на Зaвичајната куќа во Шимановци, Јовановски пред полна сала љубители на фотографијата лично ја презентираше својата поставка, која претставува визуелен запис од едно уникатно патување низ Западна Африка. Фотографиите прикажуваат моменти од секојдневниот живот во Бенин – земја со силна традиција, богата култура и трогателна човечност.

Изложбата беше дел од свеченото затворање на теренската програма на сафари манифестацијата, која оваа година собра над 90 фотографи од Србија, Република Српска и Северна Македонија. Посетителите имаа ретка можност да бидат лично запознаени со авторот и да слушнат повеќе за неговиот процес, искуства и уметничка визија.

Националната фото унија на Македонија со гордост го поздравува учеството на Владимир Јовановски и неговиот придонес во меѓународната промоција на македонската фотографија. Овој настап уште еднаш ја потврдува важноста на културната размена и уметничките поврзувања меѓу регионалните заедници.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com