Покана за редовно годишно и изборно собрание на НФУМ

Датум: 31 јануари 2026 година (сабота)
Време: 11:00 – 15:00 часот
Локација: Куманово, Титова Митровачка 2 (фото клуб Куманово)

ДНЕВЕН РЕД

Процедурален дел:

  1. Отворање на состанокот и избор на работно претседателство, записничар, оверувачи на записникот и верификациона комисија
  2. Поздравен говор од претседателот
  3. Извештај од верификациона комисија
  4. Усвојување на дневен ред

Работен дел:

  • Усвојување на записник од Годишното собрание 2024 година.
  • Презентација и усвојување на Извештајот за работата со финансиски извештај за 2025 година.
  • Презентација и усвојување на годишниот план за 2026 година.
  • Одлуки за доделување на звања Кандидат Мајстор и Мајстор на НФУМ согласно извештаите на Уметничкиот совет
  • Промена на Статутот на НФУ, со цел поедноставување и рационализација на Статутот, за  зголемена функционалност на работењето и за пофлексибилна организацијата, со фокус на економичност и транспарентност
  • Избор на Претседател и за другите органи и тела на НФУ 
  • Предлог и дискусија за нови проекти и можности за 2026 година.
  • Разно – отворена дискусија за дополнителни прашања и предлози од членовите.
  • Доделување на плакетите и дипломите за звања и значките на НФУ за оваа година.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com