На состанокот на Извршниот одбор на Национална фото унија на Македонија, одржан на 14 септември 2022 година беа доделени следниве звања:
Кандидат Мајстор на фотографија на НФУ – КМФ НФУ Александар Томовски
Извршниот одбор на Национална фото унија му посакува понатамошна плодна работа на авторот.
На истиот состанок беше решено членот на Уметничкиот совет Владимир Јовановски (КМФ НФУ) привремено да го напуши органот, а на негово место да влезат Димитар Чунговски (КМФ НФУ) и Димитар Ристевски (КМФ НФУ). Новиот состав на Уметничкиот совет предложи Комисија за оценка на колекција да биде составена од Марјан Јаневски (AFIAP, Македонија), Драгослав Мирковиќ (EFIAP/g, MF FSS, Србија) и Барбара Шмит (MPSA, EFIAP/b, GPU CR-4, GPU VIP-3, GPU Hermes, RISF-10, AISF, HIUP, cMoL, DVF, GAPU, FAPU, CMP.PPI, Hon.CAS, HON.FICS, Hon.CPE, Hon.G.APS, Hon.WPG, Hon. FSAP, Hon.FPPS, Hon.PESGSPC, Hon.GPA.PESGSPC , Hon.GMGMG, Hon.GMTPAS, Hon.APF, Hon.FPMP, Hon.Adv.PPI, Германија).