Работилница за уметничка фотографија

На 01 и 02 октомври 2022 година, во Градскиот Музеј во Крива Паланка, се одржа работилница за уметничка фотографија. Организатори и презентери беа членовите фото клубовите “Концепт” и “Куманово”, а целиот настан под покровителство на НФУ. Целта на работилницата беше афирмирање на фотографијата како уметност и едуцирање на младите во истата област.

Работилница беше составена од три дела. Првиот дел беше теоретски кој имаше за цел да направи вовед и да ги запознае учесниците со следниве елементи во фотографијата.

– Историја на фотографија
– Почетнички грешки
– Основни чекори на фотографија
– Објективи и опрема
– Ликовни елементи во фотографијата

Вториот дел беше практичниот дел каде учесниците од работилницата имаа три часа да направат фотографии од градот и околината. Последниот дел од работилницата беше за разгледување и коментирање на фотографии направени од учесниците за време на практичниот дел.

На работилницата присуствуваа повеќе љубители на уметничката фотографија.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com