Покана за фото-сафари Иваново

Почитувани,

Фото група Дунавац ве поканува на учество во „фото-сафари Иваново“ што ќе се одржи на 23 април 2023 година (недела).

Првото фото-сафари во Иваново (Србија) е организирано во 2007 година, во рамките на манифестацијата „Иваново во фокус“ со цел организирање на фотографско дружење и создавање на визуелен дневник на банатското село Иваново. Во рамките на фото-сафарито, на фотографите им се на располагање модели во традиционални носии и организирана обиколка на селото со чамци и други транспортни средства. Најчестите теми на фотографите се природата и самото село Иваново кое постојано се менува, а учесниците кои што редовно го посетуваат селото од година во година ги забележуваат промените. Во рок од неколку години, фото-сафарито „Иваново“ стана популарно и масовно фотографско дружење во Србија, со присуство на фотографии од Балканот. По завршувањето на сафарито се организира изложба каде секој фотограф испраќа две фотографии од кои најдобрите се наградуваат, а сите останати се изложуваат на изложбата по повод селската слава за 15 август. Архивата на фотографите денес содржи повеќе од илјада фотографии кои што сведочат за животот на село, како и за луѓето кои што тука живеат или живееле.

Програма:

  • До 10:00 ч. собирање и пријавување на гостите во домот на култура „Иваново“;
  • 10:10 ч. договор и групно фотографирање;
  • 10:30 ч. поаѓање на терен (чамците и тракторите поаѓаат секој час);
  • 10:35 ч. фотографирање на моделите на предвидените локации (црквата Св. Венделин и олдтајмерите);
  • 14:30 ч. ручек и дружење.

Доколку сте заинтересирани да присуствувате, ве молиме известете не до 18 април 2023 година на нашиот емаил: photo.union.macedonia@gmail.com. За дополнителните детали за настанот, вклучувајќи го збирното место и времето, сите заинтересирани ќе бидат навремено известени.

Атмосфера од минатата година:

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com