Во рамки на фестивалот „24. кадар“ чиј што домаќин беше Нови Сад, беше организиран натпревар за 24 фотографи кои што на 24 зададени теми во рок од 24 часа доставуваа фотографии. Сите теми беа поврзани со Нови Сад, а фотографите беа граѓани на Србија и претставници од странство. Делата ги оценуваа 24 членови на жирито, а најдобрите фотографии беа објавени на веб-страницата на фестивалот. Фестивалот вклучуваше и бесплатни работилници на различни теми од областа на фотографијата, како и изложба на фотографии од претходни настани. Целта на фестивалот на фотографија „24. кадар“ беше развој на фотографската уметност и култура, подобрување на културната вредност и промоција на традицијата, туризмот и угостителството во Нови Сад, согласно со современите технологии и начин на живот.
На фестивалот зедоа учество членовите на Национална фото унија, Димитар Ристески и Мери Бошкоска, кои постигнаа солидни резултати.