Прочка 2023

Фото Кино Клуб „Прилеп” Ве поканува на изложба на уметнички фотографии „Прочка 2023″. Изложбата ќе се одржи во фоајето на НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп во четврток, 22 јуни, со почеток во 19:30 часот.

На изложбата ќе можете да уживате во 30 избрани фотографии од учесници на конкурсот кој беше објавен во март 2023 година. Овој конкурс отвори можности за сите граѓани на Република Македонија да ја изразат својата креативност и уметничка визија, преку потенцирање на културното значење на карневалот.

Ќе ни биде чест доколку со Вашето присуство го збогатите овој настан.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com