Отворање на изложбата Куп на македонска фотографија 2023

На 15 декември 2023 година (петок) во 19:00 часот во просториите на Градска галерија – Струмица ќе биде отворена изложбата Куп на македонска фотографија во организација на Национална фото унија.

На изложбата свои фотографии доставија над 70 фотографи со околу 1000 фотографии, од кои еминентна жири комисија во состав Александар Томовски (КМФ НФУ, Скопје), Мери Бошкоска (КМФ НФУ, Прилеп) и Марина Атанасовиќ (КМФ НФУ, Куманово) ги одбра најдобрите од нив.

На отворањето ќе бидат доделени златен, сребрен, бронзен медал и шест дипломи за поединечни фотографии во сите категории.

Национална фото унија ги повикува сите заинтересирани да го посетат отворањето на изложбата.

https://fb.me/e/4dXaJHSrY