Во вторник, на 15 февруари, Уметничкиот совет на Национлната фото унија на Македонија одржа состанок на кој беа разгледани статистиките и постигнувањата на своите членови во изминатата година. Членови на уметничкиот советот ги оцениваа фотографиите и колекциите на сите членови на унијата врз основа на бројот на награди и успеси што ги постигнале и по долго размислување ги прогласија победниците на Фотографија на годината и Колекцијата на годината за 2022 година.
Престижната награда Фотографија на годината му беше врачена на Горан Попоски од фото кино клуб Прилеп за неговата прекрасена фотографија насловена „Anything for love“. Фотографијата минатата година освои 8 награди на меѓународни конкурси, меѓукои два златни медали и еден бронзен.
Наградата за колекција на годината му беше доделена на Владимир Јовановски од фото клуб Куманово за неговата импресивна серија фотографии насловена „Брегови“. Оваа колекција од дрон фотографии минатата година беше изложена во неколку држави, и истата го покажува исклучителниот талент на Владимир да ја долови убавината на природата и симбиозата со човекот.
Покрај овие награди, Уметничкиот совет ја одобри и апликацијата за Напреден фотограф на НФУ на Анета Илиевска.
Уметничкиот совет на Националната фото унијата на Македонија со гордост ги признава извонредните достигнувања на своите членови. Овие награди и титули служат како доказ за напорната работа, посветеноста и страста што овие фотографи ги носат во нивниот занает, и ги инспирираат сите членови на унијата да продолжат да ги поместуваат границите на она што е можно во светот на фотографијата.