Записник од состанок на Извршниот одбор на НФУ одржан на 13 март 2022 г.

Присутни членови на ИО: Атанасовиќ Марина, Здравев Зоран, Илиевски Стефан, Јовановски Владимир и Ристески Димитар.

Седницата на Извршниот Одбор на НФУ беше отворена од страна на Зоран Здравев. Согласно предложениот дневен ред, на седницата се најдоа следните точки:

1. Одлука за доделување на звања Кандидат фотограф на НФУ – КФ НФУ
2. Одлука за доделување на звања Фотограф на НФУ – Ф НФУ
3. Одлука за доделување на звања Напреден фотограф на НФУ – НФ НФУ
4. Утврдување на листа на апликанти за звање Кандидат мајстор на фотографија на НФУ – КМF НФУ
5. Редовни активности на НФУ;

Дневниот ред беше ставен на гласање и изгласан едногласно.

1. За звањето Кандидат фотограф на НФУ – КФ НФУ аплицирале Фросина Јовановска и Биљана Кошарска. Откако беше констатирано дека апликантите ги исполнуваат условите согласно Правилникот за доделувања звања, сите апликации беа прифатени и едногласно се донесе Одлука за доделување на звањето.


2. За звањето Фотограф на НФУ – Ф НФУ аплицирале Иван Вукелиќ и Михаил Бутнејски. Откако беше констатирано дека апликантите ги исполнуваат условите согласно Правилникот за доделувања звања, сите апликации беа прифатени и едногласно се донесе Одлука за доделување на звањето.


3. За звањето Напреден фотограф на НФУ – НФ НФУ аплицирале: Доријан МиловановиќМаја Крстевска КолароваНеда Арсениевска и Тоши Трајчев. Откако беше констатирано дека апликантите ги исполнуваат условите согласно Правилникот за доделувања звања, сите апликации беа прифатени и едногласно се донесе Одлука за доделување на звањето.


4. ИО констатира дека за звањето Кандидат Мајстор на фотографија на НФУ аплицирале следниве кандидати: Александар СтојчевскиАна ЈовеваАнита ПалческаВладимир ЈовановскиГоран ПопоскиДимитар РистескиДимитар ЧунговскиЖаклина СтефановскаЗоран ЗдравевМарина Атанасовиќ и Мери Бошкоска. Откако се утврди дека сите апликанти ги исполнуваат условите согласно Правилникот за доделувања звања, едногласно се донесе Одлука апликациите и придружните колекции да се достават до Уметничкиот совет на НФУ за да дадат мислење за доставените колекции. Мислењета за колекциите на апликантите ИО ќе ги разгледа и согалсно мислењата ќе го додели звањето Кандидат Мајстор на фотографија на НФУ.


5. Владимир Јовановски изјави дека можно е да постојат проблематични пријави, по што Зоран рече дека ќе постави табела на веб-сајтот за да можат кандидатите полесно да се снајдат во врска со пополнувањето на апликацијата. Зоран посочи на уште еден проблем, односно напомена дека поради смртта на Душко Јовановски, Уметничкиот совет при НФУ останува само со два члена и дека е потребно свикување на Собрание на НФУ за да се избере нов член. Зоран предложи собранието да се одржи во месец мај, кога е потопло и би се избегнале евентуални проблеми со греење, а би се одржала и церемонија на која ќе бидат доделени дипломите за звања. Владимир предложи собранието да се одржи во Куманово, во месец април кога е планирано и одржувањето на изложбата на Коста Дупчинов, но оваа идеја не наиде на поддршка бидејќи споменатиот датум се паѓа во понеделник. Владимир потоа предложи собранието да се одржи во Западна Македонија бидејќи тој дел од државата не е солидно покриен од НФУ. Димитар Ристевски се надоврза на оваа идеја и предложи истото да биде одржано во Крушево или Охрид, со едно ноќевање и дружба. Владимир изрази став дека најдобро би било собранието да се организира некаде каде што НФУ има бесплатен пристап до клупски простории, за да се избегнат евентуалните проблеми со простор, споменувајќи го притоа Прилеп. Димитар рече дека тоа би било проблематично бидејќи од досегашното искуство на ФКК Прилеп, тешко се наоѓала просторија. Зоран изјави дека најубаво би било собранието да се организира во Источна Македонија, односно Штип, и изрази спремност да биде организатор. Зоран направи дигресија и напомена дека пред собранието треба да се направат напори да се зачленат во НФУ и останатите членови на органите на НФУ, а доколку некои од нив не се во можност да се вклучат поактивно, да се бараат нови членови. Владимир рече дека треба да се изработат дипломи и значки, а останатите присутни влегоа во дискусија за изгледот на значките. Ова прашање се остави за некој од наредните состаноци. Владимир исто така го покрена прашањето за членски картички и го образложи искуството на ФК Куманово. Присутните започнаа со дискусија по ова прашање. Владимир изјави дека е подготвен, колку му дозволуваат можностите, да ја спонзорира изработката на дипломи, значки и членски карти. Зоран се наврати на локацијата и времето на одржувањето на собранието и рече дека е слободен во месец мај, а како локација може да се користат клупските простории или просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Владимир дополни дека на собранието е потребно да се избере најуспешен автор и најуспешен клуб, но Зоран напомена дека се уште нема изработено правилници. Ова прашање се остави за наредниот состанок. Владимир исто така зема задолжение да ги извести авторите дека нивните барања за звања се прифатени. Зоран го постави прашањето каде ќе се чуваат печатените фотографии на членовите на НФУ. Владимир рече дека ќе се изработат папки, што иако не се специјално дизајнирани за заштита на архивски материјал, си ја вршат работата. Зоран изрази спремност да изложи селекција од неговите фотографии на собранието, но ова прашање се остави за подоцна бидејќи постои идеја неговите фотографии да се изложат на Малински фото фестивал.

По исцрпувањето на дневниот ред, состанокот на ИО беше завршен.

Датум:
13 март 2022 година

Записничар
Марина Атанасовиќ

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com