Бесплатно членство во ИААП

Со задоволство Ве известуваме дека Националната Фото Унија на Македонија официјално има склучено договор со Светската организација на уметнички фотографи (ИААП).

Како резултат на ова партнерство, сите активни членови на нашата унија добиваат бесплатно членство во ИААП, како и ослободување од сите трошоци поврзани со добивање ИААП звања.

Овој договор е плод на долгогодишната соработка помеѓу нашата унија и ИААП, како и резултат на трудот и посветеноста на Националната Фото Унија во развивањето и поддршката на фотографската сцена во Македонија. Целта на оваа иницијатива е дополнително да се поттикне локалниот фотографски развој и да им се овозможи на нашите членови поголема меѓународна видливост и признание.

Сите заинтересирани членови кои сакаат да го искористат ова право, ги замолуваме да ни испратат емаил со своите податоци на официјалната адреса на унијата.

Ве охрабруваме да го искористите оваа можност и да продолжите да придонесувате кон развојот на македонската фотографија на светско ниво.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com