Со особена чест и задоволство Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на фотографии на Бенита Стојмирова, кое ќе се одржи на 24 декември 2024 година (вторник) во 19:00 часот, во Фоајето на Центарот за култура во Битола.
Изложбата е организирана од Македонско – турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ – Битола, по повод 18 години од формирањето на здружението и 80 години од слободна Битола. Настанот е финансиски поддржан од Општина Битола и ЕСМ.
Оваа изложба претставува кулминација на долгогодишното творештво на Бенита Стојмирова, чии дела успеваат да го пренесат духот на Битола и околината низ исклучителни фотографии исполнети со длабочина и емоции. На изложбата ќе бидат претставени 30 фотографии кои ја истакнуваат убавината и уникатноста на местата што ја инспирирале.
Стојмирова со својот фотографски израз внесува живот во секој кадар, пренесувајќи ја не само визуелната убавина, туку и неповторливата атмосфера што ја создаваат светлината, сенките и деталите во нејзините фотографии.
Националната Фото Унија на Македонија Ве поканува да бидете дел од ова уметничко доживување и да ја проследите оваа извонредна изложба, која го слави не само талентот на Бенита Стојмирова, туку и богатата култура и историја на нашиот простор.