Фото клуб „Куманово“ упатува повик до сите женски авторки од Република Македонија да земат учество во изложбата „Жените и фотографијата“, организирана во чест на Интернационалниот ден на жената – 8 Март.
Изложбата е тематски поделена на две секции:
- Слободна тема
- Жена
📅 Рок за пријавување:
Фотографиите може да се прикачат најдоцна до 10 февруари 2025 година.
📎 Начин на аплицирање:
Фотографиите може да се испратат преку следниот линк:
👉 https://photoclubkumanovo.com/zenite/
Изложбата е ограничена само на женски автори од Република Македонија.