Куп на македонска фотографија 2023

Почитувани фотографски ентузијасти! Ни претставува големо задоволство да објавиме дека многу очекуваниот национален конкурс Куп на македонска фотографија 2023 сега е официјално отворен за поднесување на вашите уметнички дела. Ова претставува одлична можност за талентираните фотографи ширум Македонија да ги покажат своите вештини и креативност.

Конкурсот е без котизација и вклучува две теми: слободна (црно-бела) и слободна (колор) што овозможува истиот да претставува извонредна платформа за уметничко изразување. Дополнително, со задоволство ве информираме дека жири комисијата ја сочинуваат ценети фотографи од Македонија и тоа: Александар Томовски (КМФ НФУ, Скопје), Мери Бошкоска (КМФ НФУ, Прилеп) и Марина Атанасовиќ (КМФ НФУ, Куманово).

Линк за пријава: https://npum.net/kmf/

Затоа, земете ги вашите фотоапарати и почнете да ги фотогафирате тие моменти кои го одземаат здивот бидејќи ова е настан што не сакате да го пропуштите!