Отворање на клупска изложба на Фото Група „Широк Агoл“

Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, на 28 ноември 2025 година ќе биде отворена годинешнава клупска изложба на фото групата „Широк Агoл“, една од најактивните и најнаградуваните фото групи во државата. Изложбата претставува пресек од нивното овогодишно творештво, исполнето со јасна фотографска визија, препознатлив стил и посветеност кон документарната и уметничката фотографија.

Членовите на „Широк Агoл“ зад себе носат навистина импресивна бројка на меѓународни и национални признанија. Нивните фотографии редовно се наградувани на престижни салони низ Европа, Азија и Америка, а неколку автори се носители и на високи IAAP и PSA звања, што е доказ за континуитет, искуство и сериозна работа. Во последните години групата собра повеќе од 200 меѓународни награди и пофалби, поставувајќи ги Штип и Македонија на светската фотографска карта.

Она што ги издвојува е нивната искреност во темите, силната нарација и умеењето преку фотографијата да доловат човечка емоција, урбана динамика и атмосфера од секојдневието. Групата функционира како творечка заедница, секој автор со свој стил, а сите заедно со една цел: да ја развиваат фотографијата како уметност и да го подигнуваат репутацискиот имиџ на нашиот регион.

Со оваа изложба, „Широк Агoл“ уште еднаш потврдува дека Штип е град со силна фотографска сцена. За Националната Фото Унија, ваквите иницијативи се повеќе од добредојдени, тие се доказ дека во Македонија има автори кои без комплекс рамноправно чекорат со светските имиња. Изложбата е гордост не само за штипската културна заедница, туку и за целата држава.

PHP Code Snippets Powered By : XYZScripts.com