З А П И С Н И К
од Годишно и Изборно Собрание на Национална Фото Унија,
одржано на 31.1.2026 година (сабота),
Според точите на Дневниот ред:
- Отворање на состанокот и избор на работно претседателство, записничар, оверувачи на записникот и избор на верификациона комисија;
- Поздравен говор на престседателот;
- Извештај од верификациона комисија;
- Усвојување на дневниот ред;
- Усвојување за Записник од годишно собрание за 2024 година;
- Презентација и усвојување на Извештајот за работа со финансиски извештај за 2025 година;
- Презентација и усвојување на годишниот план за 2026 година;
- Одлуки за доделување на звања Кандидат мајстор и Мајстор на НФУМ согласно Извештаите на Уметничкиот совет;
- Промена на Статут на НФУ, со цел поедностатување и рационализација на Стаутот, за зголемена функционалност на работењето и за пофлексибилна организацијата, со фокус на економичност и транспарентност;
- Избор на Претседател и избор на другите органи и тела на НФУ;
- Предлог и дискусија за нови проекти и можности за 2026 година;
- Разно – отворена дискусија за дополмителни прашања и предлози од членовите;
- Доделување на плакетите и дипломите за звања и значките на НФУ за оваа година.
Според точките 1 и 3 од дневниот ред, Собранието започна со именување на работното претседателство, записничар, двајца оверувачи на записникот и верификациона комисија. За претседател на Собранието, кој ќе го води неговиот тек, беше избран Стефан Илиевски, за записничар Марина Атанасовиќ, додека за оверувачи на записникот беа избрани Александар Георгиев и Сандра Ѓурковска.
Верификационата комисија, во состав од Зоран Здравев, Михаил Бутнејски и Каролина Димевска, по извршената проверка и потпишување на листата на присутни, утврди дека постои кворум за работа, односно присуство на двотретинско мнозинство од клубовите кои припаѓаат на НФУ.
По точка 2 од дневниот ред, Претседателот официјално го отвори Собранието со поздравен говор, по што го прочита предложениот Дневен ред.
Под точка 4 се обратија повеќе членови. Зоран Здравев предложи дополнување на Дневниот ред со нова точка – усвојување на Деловник за работа на Собранието, по што предлогот беше ставен на гласање и едногласно усвоен. Владимир Јовановски, исто така, предложи дополнување на Дневниот ред со уште една точка, односно внесување и читање на Извештајот од Секторот за изложби.
Со прифатените дополнувања, изменетиот Дневен ред беше ставен на гласање и истиот беше едногласно усвоен.
По читањето на точка 5 од Дневниот ред, истата беше ставена на гласање и едногласно усвоена.
По точка 6 од Дневниот ред, Претседателот предложи измена во составот на жири-комисијата која ја извршила селекцијата и ги доделила наградите за Купот на македонската фотографија (КМФ), при што наместо Марјан Јаневски беше предложен Јован Јованов. Предлог-измената беше ставена на гласање и едногласно усвоена.
По точка 7 преседателот откако ја прочита побара дискусија за истата. Јован Јованов предложи во однос натпревари кои ќе се организираат на ниво на целата република за ученици од основно и средно образование, наместо ученици сами да праќаат фотографии на апликацијата за натпревар, да го направат тоа преку наставниците по ликовно. Марина Атанасовиќ рече дека би било уште поубедливо, и натпреварот ќе добие на тежина ако се стапи во контакт со Министерството, и тоа да не подржи во намерата на натпреварот. Јован Јованов додаде и нова идеја во однос на организирање на фото-сафариа, доколку има иницијатива за такво нешто во некои археолошки локалитети, или музејски згради и сл, да земе иницијатива тој да го организира таквото доколку се одлучи за такво сафари. Стефан Илиевски даде идеја за создавање на календар на настани кој ќе се објави јавно и ќе биде достапен за сите, се дискутираше постоечките верски обичаи, настани кои се установени со точно определени дадутми да се вметнат во таквиот каледнар, (пр. Галичка свадба, Вевчански карневал и сл). За следниот куп на македонска фотографија Јован Јованов се нафати да го организира настанот за 2026 година во Скопје. По информација на Владимир Јовановски за презентација на фотографии на НфУ во Грција, Србија и Бугарија, кај негови стекнати контакти, да направи Уметничкиот совет неколку колекции кои ќе може да ги презентира во соседните држави. Дискусијата водеше кон тоа да се направи Мемораднум на соработка со Грција, Србија и Бугарија. За оваа работа да се ангажира Извршниот одбор, да изнајде контакти, и да направи соработка. Каролина Димовска даде предлог за соработка со ПСС Орлеанс (Франција), за кој самата ќе стапи во контакт и ќе го известо ИО за резултатите. Претседателот презентираше веќе отпочнат проект во соработка со Турција, за кој Уметничкиот совет треба брзо да избере десет фотографи кои ќе бидат пратен во Турција.
Владимир Јовановски го прочита Извештајот од Секторот за изложби, во кој се истакнаа 33-те меѓународни изложби, 2 фестивали на фотографија, 6 самостојни и 3 клупски изложби.
Со овие измени, Извештајот беше едногласно усвоен.
Во однос на точката 8, Претседателот го прочита Извештајот од Уметничкиот совет, во кој за звањето Кандидат Мајстор на фотографија кои добија позитивно мислење: Дејан Коцев, Мирза Ченгиќ, Ненад Илиќ, Роберто Брсаковски за кои звањата беа едногласно изгласани, додека пак за Мајстор на фотографија беа предложени Анита Палчевска, Зоран Здравев и Каролина Димевска, звање кои исто така беше едногласно изгласано за сите предложени. Се прочитаа и звањата одобрени за Почетен фотограф на НФУ Гордана Чавковска, Фотограф на НФУ Ангела Цветковска и Напреден фотограф на НФУ Виктор Трајковски и Невена Петковска. Беше напоменато и дека добитниците на звањето Мајстор на фотографија се должни да достават печатени фотографии од колекцијата до НФУ за да бидат трајно архивирани.
По точка 9 од дневниот ред, за која беше доставено писмено барање до НФУ за измени на Статутот, се обрати Зоран Здравев. Тој истакна дека иако постојниот Статут е усогласен со законската регулатива, сепак е изработен според модел на стари сојузи и во целост не одговара на денешните потреби и реалната функционалност на Унијата. Во своето излагање ги образложи предложените измени, при што нагласи дека наместо досегашниот модел, во кој клубовите го имаат носечкиот глас (еден клуб – еден глас, без разлика на бројот на членови), се предлага премин кон систем во кој секој поединец – физичко лице ќе има право на глас. Како причина за оваа измена, тој посочи дека Унијата денес брои значителен број членови кои не припаѓаат на ниту еден клуб, па од таа причина би било поправедно секој поединечен член да учествува во одлучувањето за работата на НФУ. Дополнително, беше истакнато дека право на глас ќе имаат исклучиво членовите кои ја имаат подмирено членарината за тековната и претходната година, најдоцна до денот на праќање на покана за одржување на Собранието. Останатите членови ќе имаат право на присуство и учество во дискусиите, но без право на одлучувачки глас и без право да влезат како членови на некој орган на управување во Унијата. Се напомена дека Собранието останува највисок орган на Унијата. Претседателот на Унијата, кој воедно е и нејзин законски застапник, ќе ја извршува функцијата претседател на Собранието и претседател на Управниот одбор, без потреба од избор на ново работно претседателство на секое Собрание, како што беше пракса досега.
Извршниот одбор ќе има улога на оперативно тело задолжено за спроведување на одлуките, додека Надзорниот одбор ќе врши финансиска и законска контрола, ќе спроведува ревизија и согласно закон ќе поднесува Извештај за својата работа. Уметничкиот совет се дефинира како стручно и автономно тело со советодавна улога, кое ќе предлага звања за кандидатите, а истите ќе се одобруваат од Собранието по пат на гласање.
За работата на наведените тела ќе се донесат посебни правилници за работа, при што за дел од нив истите допрва ќе треба да бидат изготвени. Дополнително, се предлага формирање на ново тело – Совет, односно Форум на организации, кое нема управувачка функција, туку ќе има советодавна улога преку давање предлози и иницијативи поврзани со програмските активности на Унијата.
Мандатот на Претседателот се предлага да се скрати на три (3) години, со можност за реизбор. Со предложените измени, Статутот останува приоритетен и основен документ, при што се нагласува потребата од донесување соодветни правилници за работа.
Извршниот одбор ќе има обврска за објавување на информации, при што постапката и содржината на објавувањето ќе се уредуваат и одобруваат од страна на Извршниот одбор. Со овие измени се очекува НФУ да се трансформира во пофункционално, транспарентно и управливо здружение, со јасно разграничени улоги и одговорности меѓу органите. Истовремено, се предлага бришење на одредби од Статутот кои се оценети како оптоварувачки.
Правото на делегирање останува, а во однос на одржувањето на седниците се предлага воведување и на електронски седници, со цел поефикасна работа. Кворумот за присуство се предлага да изнесува 50% од активните членови.
Претседателот предложи воведување нова функција во Статутот, со цел олеснување на работата на Претседателот, и тоа функција Секретар, кој воедно ќе биде и член на Извршниот одбор. Предлогот беше ставен на гласање и едногласно усвоен, при што Извршниот одбор ќе има обврска да изготви ингеренции и задачи за оваа функција.
Со едногласно усвојување на предложените измени, беше договорено новиот Статут со вградените измени да биде објавен на веб-страницата на Унијата. Со овие измени тече и рокот од 30 дена за пријава во Централен регистар.
По вметнатата точка за Деловник за работа на Собранието, која беше додадена на почетокот на состанокот, се обрати Зоран Здравев. Тој даде образложение за значењето, намената и начинот на примена на Деловникот за работа, по што истиот беше прочитан пред Собранието со посебен осврт на неговите клучни одредби. По завршувањето на излагањето, точката беше ставена на гласање и едногласно усвоена.
По точка 10 од дневниот ред, како кандидати за Претседател на НФУ беа предложени Зоран Здравев и Марина Атанасовиќ. По спроведеното гласање, за Претседател на НФУ едногласно беше избран Зоран Здравев.
За функцијата Секретар на НФУ беше предложена Неда Арсениевска, при што предлогот беше ставен на гласање и едногласно усвоен.
За членови на Извршниот одбор беа предложени: Владимир Јовановски, Димитар Чунговски, Мери Бошковска, Михаил Бутнејски и Анета Палчевска.
За членови на Надзорниот одбор беа предложени: Каролина Димевска, Дејан Коцев и Ненад Илиќ.
За членови на Уметничкиот совет беа предложени: Владимир Јовановски, Александар Томовски и Димитар Чунговски.
Сите предложени кандидати и состави на телата беа ставени на гласање и едногласно усвоени.
Под точка 11, Претседателот истакна дека прашањето веќе било дискутирано под точка 7. Бидејќи немаше дополнителни забелешки или предлози, се премина на следната точка од дневниот ред.
Под точката „Разно“ беа отворени неколку дискусии, при што Владимир Јовановски покрена повеќе прашања:
- Во врска со странски државјани кои изразиле желба да станат членови на НФУ, се изнесоа повеќе мислења и се разгледаа различни опции, како воведување посебни категории или почесно членство. По подолга дискусија и повеќечлено негодување, беше заклучено дека ќе се постапува согласно Статутот, според кој членови на Унијата можат да бидат исклучиво државјани на СРМ.
- Промоција на НФУ преку продавници за апарати и фотографска опрема (Pix Plus, Anhoch, Neptun и сл.), при што со секој продаден апарат или фотографска галантерија би се делеле флаери со можност за 15% попуст на членарината, исклучиво при зачленување. Беа разгледани и опции за онлајн промоција на продавниците, доколку тие изразат подготвеност за соработка. На крај, беше заклучено оваа иницијатива дополнително да се испита преку Извршниот одбор, кој би остварил директни средби со продавниците и би се информирал за можностите за ваков тип соработка.
- Предлог за воведување функција за односи со јавноста, односно лица задолжени за комуникација со медиумите и промоција на активностите и работата на Унијата. Целта е зголемување на јавната видливост и препознатливост на НФУ. Како можни кандидати беа предложени Каролина Димовска и Александар Томовски, двајцата од Скопје, поради концентрацијата на медиумите во главниот град.
- Користење на вештачка интелигенција (AI), како актуелна тема, при што се дискутираше дали и во колкава мера таа да се дозволи. Ова прашање предизвика обемна дискусија, по што беше заклучено да се закаже посебен состанок посветен исклучиво на оваа тема, а во меѓувреме да се истражи ставот на другите фотографски асоцијации по оваа прашање. Тогаш Уметничкиот совет ќе направи презентација на кој ќе се дефинира ставот и начинот на постапување на Унијата.
- Предлог за доделување почесно звање на првиот Претседател, како признание за неговата досегашна ангажираност и макотрпна работа.
- Секој член да се заложи да подготви статија за својата тековна работа или проект, која ќе биде објавена на веб-страницата на Унијата, со цел информирање на фотографската фела за актуелните случувања и активности во земјата.
Под последната точка од дневниот ред беа доделени плакети и дипломи за звања во рамки на НФУ. На присутните членови им беа врачени значки од ИААП, како и дипломи за стекнатите звања во НФУ. Настанот заврши со заедничко фотографирање и честитање на добитниците.