Македонскиот фотограф Димитар Чунговски ќе ја претстави Македонија со самостојна изложба во рамки на 10. Интернационален фестивал на фотографија, кој се одржува од 21 до 24 мај 2026 година во организација на Near East University, Факултет за комуникации, во Никозија, Турска Република Северен Кипар. На фестивалот Чунговски ќе се претстави […]
Yearly Archives: 2026
Во Занаетчискиот дом во Куманово беше отворена традиционалната изложба на уметничка фотографија, во организација на Фото кино клуб „Козјак“ од Куманово, со поддршка од Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт Куманово. Оваа година настанот имаше и посебно значење, бидејќи во рамки на свечената програма беше официјализирано збратимувањето помеѓу […]
На 6 мај 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи проекција на фотографски дијапозитиви „На Ѓурѓовден“ од авторот Марјан Јаневски Шалајко. Проекцијата опфаќа околу четириесет фотографии создадени во периодот од 1996 до 2000 година во кумановската населба Средорек. Преку […]
Во општина Тунџа, Бугарија, се одржа меѓународен фото пленер, односно фото сафари, кој обедини фотографи од повеќе земји од регионот со заедничка цел – преку фотографијата да се документираат природата, луѓето, секојдневието и традиционалните обичаи на овој крај. Во текот на пленерот, учесниците имаа можност да ја истражуваат областа, да […]
Студиската портретна фотографија претставува една од најкомплексните и најсуптилни области во современата уметничка фотографија. Таа не е само техничка дисциплина, туку процес на визуелна интерпретација, каде фотографот преку контрола на светлината, просторот и емоцијата создава дело што оди подалеку од обична репрезентација на ликот. Концепт – почетна точка на секој […]
Со длабока тага ја примивме веста за прераната смрт на Дејан Гилески, значаен автор во фотографската заедница. Дејан Гилески својата фотографска патека ја започна во Фото клуб „Елема“, каде брзо се истакна со својата посветеност, работна етика и исклучителна енергија. Неговиот ангажман не беше ограничен само на авторската работа, туку […]
Со задоволство Ве покануваме на отворањето на изложбата на уметничка фотографија на Марјан Скрижевски, кое ќе се одржи во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово. Датум: 19 март 2026 (четврток)Време: 19:00 часот Марјан Скрижевски е роден на 11 февруари 1974 година во Куманово. Завршил гимназија „Гоце Делчев“, а со фотографија активно […]
Со особена чест ја најавуваме фото изложбата „SOUL REFLECT“ – авторски проект на Каролина Димовска (Karolina Di). Дом на Култура „Димитар Влахов“ – Скопје18 март 2026 (среда)19:00 часот „SOUL REFLECT“ е изложба на fine art портрети и фигури што ја истражува тивката, но моќна длабочина на човечката присутност. Преку драматична […]
З А П И С Н И К од Годишно и Изборно Собрание на Национална Фото Унија,одржано на 31.1.2026 година (сабота), Според точите на Дневниот ред: Според точките 1 и 3 од дневниот ред, Собранието започна со именување на работното претседателство, записничар, двајца оверувачи на записникот и верификациона комисија. За […]
Со особена чест и задоволство, Ве покануваме да присуствувате на отворањето на најзначајната изложба во Македонија – „Куп на македонска фотографија 2025“, која претставува пресек на најновото творештво на авторите од нашата земја. Оваа изложба е резултат на годишниот конкурс, кој привлече голем број талентирани фотографи од сите делови на […]