Во рамките на петтото издание на фото сафари Шимановци во Србија, кој традиционално се одржува во Општина Пеќинци, нашиот фотограф Владимир Јовановски ја претстави својата самостојна изложба „Луѓе од Бенин“. На 7 септември 2025 година, во амбиентот на Зaвичајната куќа во Шимановци, Јовановски пред полна сала љубители на фотографијата лично […]
Yearly Archives: 2025
Во рамките на меѓународниот фестивал на фотографија SARMATES 4, кој се одржува во Параќин, Србија, своето уметничко присуство го остави и македонскиот фотограф Виктор Трајковски. На втората фестивалска вечер, публиката имаше можност да ја проследи изложбата „Street Life“ – авторска серија која веќе третпат се поставува пред јавноста, овојпат во […]
На 25 септември 2025 (четврток), во салонот „Фоаје 2“ на НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, беше отворена изложбата на м-р Стојанче Величковски со наслов „Фотограми – цртање со фотографски апарат“. Публиката имаше можност да го доживее неговиот уникатен експериментален пристап кон фотографијата преку четириесет динамични и апстрактни фотограми. Величковски, хералдичар […]
Македонскиот фотограф Александар Томовски постигна историски успех на престижната Фото-Олимпијада (PhotOlympic 2025) што се одржа во Санкт Петерсбург – Русија, освојувајќи три златни медали во категориите Култура, Насипи и Сенки, како и две бронзени во Броеви и Храмови. Со овој подвиг тој уште еднаш ја потврди својата позиција како еден […]
Во просторот на КИЦ – Битола (поранешен Офицерски дом), љубителите на фотографијата ќе имаат ретка можност да ѝ се препуштат на интимниот и визуелно длабок свет на Ивона Кочов преку нејзината самостојна изложба „Пркос кон заборавот“. Оваа поставка е повеќе од фотографска експозиција – таа е визуелен манифест за паметењето, […]
Во рамки на програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, ве покануваме на несекојдневна изложба на м-р Стојанче Величковски со наслов „Фотограми – Цртање со фотографски апарат“. Овој иновативен визуелен проект претставува симбиоза меѓу фотографијата и уметноста на движење, каде фотоапаратот станува четка, а светлината платно. Величковски со својот […]
На 10 јули 2025 (четврток), со почеток од 20:00 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметничка фотографија на Виктор Трајковски. Изложбата со наслов „Живот на улица“ претставува визуелно патување низ уличната сцена на Холандија, Белгија, Франција, Италија, Словенија, Турција, Јапонија, […]
На 6 јуни 2025 година, во галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со почеток во 18:00 часот, љубителите на уметноста ќе имаат можност да присуствуваат на несекојдневна визуелна нарација низ објективот на Тони Трипуноски – Геџо, под наслов „Поезија во движење“. Тони Трипуноски е роден во Прилеп во 1968 […]
Би сакал/а твоите фотографии да ги види целиот регион? Вон рамката. Пријави се на бесплатна менторска програма „OUT OF FRAME“ во Скопје и разви го својот фотограафски стил! Ако си млад(а) фотограф/ка од Северна Македонија (21-35 години), амбициозен/на да развиеш своја професионална кариера во полето фотографијата, бараш квалитетно менторство, контакти и видливост-тогаш оваа […]
На редовниот состанок на Уметничкиот совет на Националната Фото Унија на Македонија, одржан во понеделник, 25 март 2025, беа разгледани и едногласно усвоени нови предлози за доделување на звања на членови кои се истакнале со својата посветеност, креативност и учество во уметничката фотографија. Со особена чест и гордост ја информираме […]